Уф не знаев. Ништо слично со еспумисан не би дала, страшен запек имаше од нив. Колипревот најмногу помагаше кај нас ама и тоа кога како.
Ај да прашам и овде искуства, дури да ми врати матичната зошто е на одмор. Бебе 3 месеци, има водена кила и хипоспадија, менувам памперс, гледам неколку портокалови точки. Го отворив и памперсот внатре, урината е чиста жолта барем така гледам. Инаку бебе си е весело, не плаче воопшто да има нешто да го боли, спие и дење и ноќе, цица и кака 4-6 пати денот. Од ум се извадив кога го видов памперсот.
Девојки хелп, денес примивме вакцина малава ми крена тт 38 , е дега имам сируп блокмакс и лепчиња ефералгсн 80, на чепчињата пишувс до 6 кила ние сме скоро 7 , што е подобро да и дадам ?
Чепче. За таа температура ке е океј. Многу мајки и не даваат до 38,5 јас лично давам и на 38. Исто ти е чепче и сируп, составот. Чепче се апсорбира побрзо и знаеш дека си дала цела доза, сируп може да плука да не сака итн. Чепче два пати по ред не се практикува, туку се комбинира со сируп, еднаш тоа еднаш тоа. Во иднина, ако качи повеќе од 38,5 ке дадеш од појаки. Набави си дома да имаш.
Кај беа точките? Мојот имаше ко бебе неколку пати, од дехидрираност по стомачен ама велиш си цица нормално. Напиши на интернет urate crystals in diaper, да споредиш дали се такви. Ако се такви кристали од дехидрираност се најчесто, ама и нормално во поконцентрирана урина ги има кај бебињата. Моето примаше инфузија, имаше повеќе пати ама и дехидриран беше.
Баш кај к**ето. Ги видов сликите, посветли беа не толку јака црвена боја. Можно е да е баш како што пишува поконцентрирана урина, зошто моиве деца додека спијат не мократ, после наеднаш полнат пелени и првото еве сега и бебево исто, плус жешково ни е капак Цица на 1.5-2 саати, и порано да дадам не сака. Не плачи воопшто. И матичната ми пиша дека не е нешто сериозно но да го следам, и понеделник за секој случај урина дс провериме. Се надевсм дека не е ништо сериозно, од памет се извадивме веќе.
Дај Боже. Си викам и не е дехидрирсност, нема знаци, барем јас не гледам. Се поти, има плунка, устата му е влажна, кожичката мека. Ама и брз метаболизам си има, си кака убаво.
Мајки очен лекар да ми препорачате добар за малата? Уште и бега едното окце па сакам да ја однесам. Фала ви
Па педијатарката ми рече после 6 м ако сеуште бега даваат упат за на офтамолог. Арно ама месец ипол чекам термин. Посекако сметам дека на приватно е подобро ама немам претстава каде би ја носела.
Мами, педијатар ни рече дека бебуш има почеток на папочна кила, ми рече метална паричка во газа и на папоче да ставам, прицврстена со памперс. Арно ама мрдкаме многу па цело време ни се изместува паричката, не ми текнува како што да прицврстам, па ве молам за совет доколку некој поминал низ истото.
Не се плаши. Синко имаше ептен изразена папочна кила до 4-5ти месец и сама се повлече. Ставав паричка ама не ми беше практично баш, па купив појас. За 1месец го израсна појасот. Додека да му го преправам и проширам веќе се повлече. Мене педијатар ми кажа дека не е страшно, само да се внимава да не смени боја. Знам по себе колку бев исплашена ама ќе ви се повлече не се секирај