Не знам дали е за тука прашањето... Имам една многу убава трака за коса за бебето, ама малку и е голема, и паѓа надолу. Ај малку помош како да ја преврзам или да ја прикачам со укосници? Фала мајки
Мајки од кога почнавте да ги седнувате вашите девојчиња.. за една недела сме 5 месеци и сакам да почнам со вкусови и сакам да знам дали ќе можи да ја седнувам во хранилката додека трае хранењето
И мојов почна на полни 5м со дохрана, две недели се обидував во скут и налегнат но не биваше никако, и потоа само за време на хранење во хранилка.
На почеток во релаксатор ако имате. Јас почнав од 5++да ја седнувам т.с сама седеше ама ми беше страв мн кратко ја оставав да седи
Мајки бебушот ми е скоро 4 недели, моментално сме и на доење и на дохрана. Е сега, кога му давам со шишенце многу често ми се засркнува и ми хрчи после во градите. Го носев и на лекар докторката ми вика од што му е затнато носето така ти се слуша нема ништо на гради. Сега не му е затнат си диши убаво ама пак ми се засркнува често и пак ми хрчи после тоа како да се гуши. Ми е страв да не аспирира на плуќа од млекото. Чаре некое, искуство?
Кога најрано може да се почне со вкусови и мора ли да имаме дозвола од педијатар? Можда е глупо прашањево
Најрано на 4м. Сепак во консултација со педијатар. Зависи како напредува нели. Радувај се мама дур се на млекце. Мене коса ми обеле со кашиве.
За засркнувањето ми помогна само шишето на dr.Brown (пластичното). Тоа е со најслаб проток. На почетокот си земав цуцла 0 за прематурче, па брзо преминавме на 1. На почетокот од тој страв од засркнување коса ми побеле, се утепав фрлајќи пари на секакви шишиња ама овие ептен ни се погодија и не планирам да ги менувам. После 3м преминавме на стакленото. Презадоволна
Па најверојатно да, устата му е полна млеко додека пие. А и лаком си е не диши кога пие. Ќе мора да смениме шише, фала ви на одговорите.
Од четворица педијатри ќе добиеш четири различни мислења . Ела па одлучи се кој да слушаш Јас сама си одлучив кога да почнам А почнав со вкусови на 4++ На 5м веќе имавме еден оброк На 6м и некој ден воведов и втор оброк
Мајки бебе е 2 месеци, навечер не може да спие со носето, многу му се затнува. Ставаме капки аква марис и се трудам со аспиратор да тргам но ништо не излегва а и тој многу плачи, до сега ептен малце излегол секрет. Пред две недели беше настинат, имаше тт 37.7 и потоа сама спадна. Не знам дали уште е настинат дали треба да го носам пак на педијатар. Нема тт од тогаш, само со носето затнато. Дали има некој друг начин да му го исчистам?
Носи го на лекар ако мислеш дека има нешто. Иначе кај мене ниеднаш не успеа влечењето со пумпица, само со чепкалки за уши сѐ излегува. Ставам капки во носето, чекам 2 минути да се растече и собирам сѐ.
Предходниот пат ко бевме на доктор го наслуша и ми рече дека нема ништо на градите, само да му кладам капки и да се чисти. Вака е весел, нема тт, ќе се консултирам со докторката пак, и ќе пробам да чистам и со чепкалка. Фала
Само да појаснам, сега гледам што сум напишала. Кога сум пишала пластично мислев на тоа со тесно грло, тие се со најслаб проток, а сега го користиме со широко грло.