Јас се водам по оваа табела што е од 4-6 досега се има испробано што пишува, со исклучок на авокадо. Јас по препорака на педијатар секоја намирница ново воведена ја давам по 3 дена.
Јас мерам со бесконтактен ако ми е ептен сомнително тогаш со оној со галиум, страв ми е од тоа живините ми се има искрешено башка не ни знам дека уште се во продажба. Инаку го ставам под мишка и во раце некако ја држам ја думкам да и одвлечам внимание. Твоето е помало, сега ако не го скротиш за 2 месеци што ли ќе биде.
Мајки детево ми е 24/7 гладно. Вештачко му давам на секои 3 часа, по 90мл, измеѓу цица и му давам чајче. 4 недели сме ама константно е нервозно со устата отворена и може да јаде без престан. Супер напредува ама толку да му се јаде не можам да разберам. Цуцлата ја држи додека не види дека ништо не му тече. Си викам да не му е од жешково па да му требаат течности не знам, или па да му е малце вештачкото? Ама во упатството пишува до 6 недели 90мл. Како да го смирам, нормално ли е ова за новороденче?
Мислам дека не е гладно него преку јадењето/цицањето си бара сигурност, блискост. Немој премногу да му даваш ќе го боли стомачето па ќе биде плачливо. Најдобро е измеѓу ако кенка со цуцла да го подлажуваш до следно јадење, јас така правев. Иначе се прејадуваат па ги болат мешињата, а и за таа возраст е голема количина на течности. Секое добро
Дали ги вртите бебињата на грбче ако заспие на меше? Моево одма се врти, нон стоп го гледам, сега не спие на нос, ама мислам некогаш спие. Бебе е 5++. Дали им се развиени рефлексите или да го вртам?
Не. Го свртив 6 пати на стомак, се врти на страна сега. Му ставив ќебе измеѓу даските да не се заглавува, па сега гледам и наваму да не се сврти. Си спие на страна, ама мислам имам читано дека им се затвара грлото, а на грб не знае да се врати сам. Ќе го гледам.
Дали се работи за хормонски акни пренесени преку мајката или вруќанички. И дали освен со млака вода треба да се третираат со нешто друго?
Може малку ми е глупаво прашањево сега тек почнувам вода да давам, до сега бевме на ексклузивно доење. Дали водата исто како и млекото се фрла доколку не се исие од еднаш или можам и покасно да ја дадам?
Како ги забавувате бебушите во 4ти месец? Играм, пеам, и читам, шетаме, и тропкам со тропки, давам различни работи да допира со раце.. и зборам и пак остануваат минимум 4 или 5 саати што во текот на денот не знам како да ја забавувам. ХЕЛП!!!
И тоа го правам. И подлога и релаксатор ама брзо и здосадува. Уствари најголем проблем е што преку ден ни 5 минути не спие