Тогаш може да е преморена и затоа да кенка, а да мислиш дека и здосадува. На под на стомак анимирај ја да седи повеќе.
Зависи колкава доза ви е одредено од ортопед/педијатар. Моето треба да прима 1200 IE D3 и давам една babytol D3+omega и плус со капки D3 ја дополнувам дозата што треба да ја прими. Една babytol има 400 IE на D3.
Бејбитол Д3+омега во една капсула е, а дали плус Д3 треба да даваш треба да ти каже педијатар или ортопед. Инаку во овој бејбитол има 400 ИЕ Д3.
Само д3 со омега според ова. Ама мене педијатар ми рече можам да давам и плус едно Д3 од babytol или пливит д3 една капка до две. Уште не сум почнала да давам плус д3, ама во план ми е да земам пливит и да давам плус капка. Во право си дека треба да имам време и за мене, гледам секпгаш кога е можно блиски мои да ја анимираат
А има ли начин како да ја поттикнам да спие преку ден? Зошто еве се изморува, со приспивни песни не сака, со нишкање па ич, едино на цицка ама а се мрднам се буди. Не се дава
На таа возраст поголемото постојано ми спиеше преку ден во раце, заспиваше нишкајќи го и со шшкање и потоа не смеев да мрднам саат и пол- два. Ретко ми успеваше да го префрлам во креветче. Прво се нервирав, бидејќи не можев да сработам ништо по дома, после тоа отрпнав и го работев тоа што мора додека е буден и си игра на под.
Па нема баш некое правило за жал Види ако не е проблематична не ја силувај да спие и покрај тоа што во сите препораки ќе вика да спие, ама ако е често раздразлива тогаш дефинитивно треба да спие. Е сега евентуално можеш да пробаш да следиш прозори на будност, тоа значи од кога ќе стане треба да е максимум 1,25 или 1,5 саат будна и да има 4 дремки во текот на денот. Ако не спие саглам преку ден ќе ја легнуваш порано и пред 19 ако треба.
Носи го на педијатар за сигурно да ти потврди, личат на вруќици ама ми личат дека се многу воспалени и ќе треба барем еднаш Афлодерм да се намачка, да не се правиме ние стручни тука, сепак прашај си педијатар . И моето имаше такви по гради и лице и педијатарот го намачка само еднаш со Афлодерм и се повлекоа. Не го облакај многу, доволно е само боди и тоа пошироко, не го бањај со топла вода и не секој ден, и покриено со тенко чаршафче со боси нозе,никако чорапи
Ај да прашам тие што примаат повеќе од 400 ie д3, поради која причина ви е препишана поголема доза. Моето прима само 400, прашав педијатар рече според фонтанелата нема потреба од поголема доза, петок аме на ортопед пак ќе прашам. 6м бебе е
Ортопедот каде што ги носам моите форсира поголеми дози на Д3, но реално и имаше потреба. Омекнати ребра кај едното и мека глава кај другото. Сега преку лето на поголемото му ја намалија дозата, додека помалото продолжи со голема доза бидејќи има сеуште потреба.
На вториот преглед помеѓу 4ти и 5ти месец. Точно кога беше не знам. Сега е 7 месеци, деновиве пак ќе одиме на контрола
Мојата растеше многу во должина и педијатарот тогаш и препиша повеќе и на првото ехо ортопедот само рече продолжете колку што давате, не ме ни праша за доза, 1200 ИЕ земаше, ова во февруари. Во мај негде педијатарот ми намали на 800 ИЕ затоа што лето, сонце и тн... После на втора контрола на ортопед му реков дека сме намалиле од 1200 на 800 ИЕ како ни кажал педијатар и он е зошто ми вика да си ја вратите старта доза, не ќе го изнесуваш детето на сонце да се пече што има врска ако е во лето. И така сега сум испобунета, па на педијатар сум пак следна недела да видам што ќе ми каже. Инаку ја качив пак на 1200 ко што ми рече ортопедот. И дури се мислев дали да испитувам искрено. Ама да, педиајтарот и по фонтанелата гледа, нели не е ни добро прерано да се зацврсти па ни да е премека.
Да не и ги промашуваш дремките, па и е потешко да заспие? Прати и знаци на поспаност. Прати рамки на будност. Поголемиот ми спиеше преку ден, навечер не. Ова е обратно. Преку ден спие ама дури си трепнал станал.
Ние имавме вакви, не ни кажаа што се ама се мачкавме 4 дена со Афлодерм, мислам дека не се вруќици зошто нас без Афлодермот никако не ни се смируваа, + Биодерма лосион мачкам.