Мамаааа тука сме.уф значи ме сме сами. Од кога чекам вака некој да се јави. Нит млеко нит каши, а бебе преактивно. Што мајмунлуци прави преку ден, исто и во сон.
Мајки дали некоја го користи аспираторот на Бекутан? Го купив набрзинка, со шмукање е, ама врвовите се фрлаат после секоја употреба ради филтерот. Прашав во аптека нема резервни да се купат. Нема логика да едно чистење кошта 100 и нешто денари. Дали сте сретнале каде можат да се купат резервни филтери? Само 4 доаѓаат во пакувањето.
И мене ми се има случено да подвикнам малку, баш исто, не знаејќи што да правам после цели денови плачки. Или пробај со психолог како што те советуваа членките. Мене најмногу ми се подобри ситуацијата со утрински и вечерни прошетки (дека е посвежо тогаш). Пробај намали користење на телефон и социјални медиуми, излези со другарка на кафе барем 1 час. Ако те фати нервоза, прво остави го бебето во креветче, излези на тераса 5 минути, врати се и земи го повторно. На секого му треба воздишка, не е лесно со мало бебе 24/7. Некогаш треба да видиш што се случува надвор, не само куќни обврски. Евентуално вежбај по малку или пешачи. Сите овие работи имаат позитивен импакт после породување. Кога ќе излезам сама 1-2 часа (не е често), се враќам и сфаќам колку ми фалело бебето без разлика на грдите мисли и чувства што сум ги имала претходно. После некое време ќе се изретчат и исчезнат и тие. Сепак и хормоните се во хаос.
Како заклучи дека се плаши од луѓе? За од звуци е нормално, тоа се вика моро-рефлекс и треба да се изгуби до 6ти месец, за тоа не треба да се грижиш. Мојава пример кога се присутни многу луѓе е помирна, мислам дека треба да е многу гладна за да почне да плаче (ама гладна секако не ја оставам).
Мајки бебчо на грбот има две кружни модринки, минатата недела со педијатар констатиравме демек му се од што натиснува играчки, но еве и по 10тина дена уште се модри. Ако беа од натиснато ќе се изгубена досега. Ќе станеа полека жолти, но тие си се сосема исти. Не го боли кога ќе го притиснам. Некој слично да имал? Нжод што може да биде.
Pa ja odnesovme vo park naednas pred nejze mn luge i posna da se grci da place, odime na rodenden ista prikazna
Не е паѓал, освен што цело време е на под и се врти врз играчки, се си мислам дека цело време еве 10 дена се исти, сино бледи. Утре ќе одиме на ортопед пак ќе прашам.
https://www.babysittingmk.com/post/стравови-кај-децата-во-одредени-развојни-фази Може ќе ти помогнат информациите. И јас се изначитав деновиве
На која возраст е? И сега ли и се има појавено ова? Не знам дали до сега сте ја шетале и мешале со луѓе ама ако сега почнувате полека полека ќе се опушти. И пробајте со помалку луѓе, пример само со 4 или 5, може нема да реагира како со поголема толпа