Колкаво е бебето? Знам дека после некој месец столиците се изретчуваат. И моево кака помалку, ние само на доење сме.
5 недели сме, некако рано да не е за тоа Си ставив во глава да не не цица доволно сега, ама па мочкани пелени имаме, 3-5 и тоа убаво ги полни...
Мајки може ли ако вади запчиња да одбива да јаде? Не сум сигурна дека е забче, има точка бела излезена а на допир е малку грубо. И колку време треба за да пркне забчето? И ме интересира од што би можело да има зголемено потење само на ноџињата и на главчето? Мислев е од топлото деновиве ама еве вечева после бањање пак се испоти (ова е последнава недела дена само).
Рано е за намалување број на столици. Во Бети аптеки секогаш сум наоѓала колипрев, тие ги користевме и мислам и се намалија грчевите. И пробиотик обавезно секој ден. Не се секирај, ќе се нормализира
Може да, мојата првото забче кога го вадеше ништо не можев да ја натерам да јаде само на цице висеше. Зависи од заб до заб и од бебе до бебе, може да излезе за една недела може за 3, нема правило А испотено може да му е од топло или од склет. Раскомоти го малку ако е испотено.
Ние сме само на цицање. 4ти месец е. Ама не цица, само се лигави. А дава знаци дека е гладна. Навечер бар цица нормално, преку ден многу слабо
Аа мајка скок у развој. Мојата се лигави од 2 месеци. Тоа белкото им се појавува од време на време па се губи. Види по датумите мислам дека станува збор за скок во развој
Здраво бев на педијатар бебуш ми кашла кога лежи на грб и како да хрчи внатре кога му се слеваат лиги и каката му е со лиги многу течна , ќе си се искашла после тоа не хрчи носот не му тече педијатарот ми рече све е добро ништо не му е или забче ќе му никнело дека ставал и прсти во уста дека се лигавел не ми јаде само за спиење цица 5м сме кажете ми кои витамини ги давате вие од кои сте задоволни барем тоа да му давам? Чај млак му давам не ми го сака
Не давај чај. И така не јаде, уште чај да му го наполниш мешето за џабе кога тоа пак не е јадење. И мојата имаше така неколку денови во 5ти мес кога не јадеше, после се нормализира. За хрчењето и секретот, земи лепенки Респиратол. Тие се за поголеми дечиња, кај нив се лепи на облеката, ама може и за помалите само залепи на креветче или каде и да спие, на долната страна од креветчето. Не многу блиску до главчето. На мојата ептен и помогнаа неодамна кога поткашлуваше и имаше секрет.
Здраво нарачав плантакс чајче за малиот да ми донесат, но како да го комбинирам .. дали е паметно кога ќе му се појават грчевите да го дадам млако да му стопли меше или? Што предлагате..?
За чајчето не знам, не дум користела ама со млекото бетер ќе му направиш, топли облоги ставај му на меше, тетра,од тие како перничиња ако немаш.
Мајки јас ќе полудам дефинитивно! Пишав вчера, еве пак имам проблем. Бебево нејќе воопшто да цица, за шише да не помислам, вришти. Од сабајле нема цицано. 14 недела сме, можно ли е да е скок и како го надминавте? Буквално само да ја доближам на града почнува да плаче. Евентуално да е забче. Или кандида во уста? Зошто гледам дека има малку бели наслаги на непцата горе, и ги чистев вчера ама еве пак денес иста приказна.
Пробај кога е полузаспано да му дадеш да цица или пак во лежечка положба Јас чекав кога почнуваше да се буди веднаш го земав и во затемнета просторија му давав да цица Издржи мајка период е ќе помине
Успеа да цица си лупна сама бокс со раката, плачеше и на цице се смири Иначе и моево така само полузаспана, иначе нема шанса @Autumn Love уште тоа го немам пробано