Всушност,малата ја носев многу почесто првите 2 месеци оти не напредуваше добро. Отпосле почнав на месец дена. Ако е во ред сѐ, нема потребада се носе толку често
Само првиот месец се оди почесто, тоа определува педијатар кога. Најчесто се мери тежината/раст, тој период е најкритичен, уште се привикнуваат на новата околина и не се свесни што се случува, моето бебе само спиеше не можев да оставам да се буди само за јадење, педиајтарот советува кога колку итн. После тоа се оди на месец, мене и на 2 ми закажуваат некогаш.
Во почетокот секоја недела, па на две недели. Од вториот месец еднаш месечно го носев, ама бидејќи имаше позитивни на ковид матичниот ми рече само ако има некој проблем да одиме.
Мајки, ние сме 7 недели и носето има многу секрет (со кое му е отежнато дишење, жолто- зелена боја, понекогаш и како бела потечено). Ставам физиолошки раствор исомар и со носко исомар вадам. Секој ден да вадам има од две недели е така, штетно ли е секој ден да вадам, пошто морам да му помогнам да диша поубаво (инаку си е здраво).
Не е штетно да вадиш секрет секој ден,напротив лошо е ако не му ги вадиш.Ем тешко дише ем на плуќа може да му се симне. Mалце поткренато да лежи и спие....зеленкаста боја е знак за малце настинка ама со физиолошки,синомарин и чистење носе со пумпа ќе се среди.
Женски со 0-6 и 45 год, косата многу ми паѓа. Земав витамини завчера, ама дали да земам и хормони да пијам естроген и прогестерон? Ова е многу стварно, две фризерски ми кажаа и сега јас видов сама на миење, иначе сум кратко шишана и пак паѓа. Јајници немам па немам ни хормони ко што треба. На доење сме. Следно ќе го прашам гинекологот, ама кога бев на контрола не рече ништо.
И мене ми паѓаше како луда, ми се чини оќелавев. После кога почна па да ми расти ко луда, полна со бебешки влакна како од струја удрена бев Издржи, ќе се среди дисбалансот, кај сите е така.
Помислив сега и на железото, мада последно ми беше ок, ама ќе одам пак да проверам. И не гледам баш после пораѓај, си земав капки за очи, ама и на очно ќе закажам. Почнав да откажувам.
Провери, нека не ти е на мисла. И јас имав период кога мислев дека откажувам, со главоболки, вртоглавици бев. После поминува тој период, кратко пукаш од енергија и после си batery low.
Не сум 45, ама мислам и на 25 да бев мајка исто ќе ми беше. Косава ми е густа и цел живот ми паѓа, е од 2-3 месец до кај 5-6 беше страшно, не се приметуваше дека немам коса, ама тоа беа прамени, кога и да поминев со рака низ коса поготово на бањање, ич не преувеличувам, прамени ми паѓаа и немаше момент да не ми падне влакно. Сега се стабилизира паѓа ко порано. Можеш да си направиш основна крвна слика да си раат. Хормоните не се регулираат веднаш. Сите со бебе откажуваат, јас и на интернист бев и ехо на срце праев ехеее ама тогаш поише спиеше бебево па можев да отидам. Сега не можам да соблечам блуза нагоре да ги кренам рацете, ептен ме болат рамената ама немам време да идам на лекар ќе чекам да се закочам.. Јас имам диоптер мене дури и ми се подобри па ми се влоши, докторката рече исто од хормони. Така да и тоа ќе ти го препишат на хормоните, ама ако не е диоптер, тоа попрво види него ли косава.
Мене ми викаа да не користам влажни марамици...ама јас користам и ништо не и е,нема ни една црвена дамка на газе или интима...ти му си мајка знаеш што е најдобро за твоето дете....ако гледаш дека многу му е поубаво и поолеснително од кога ќе му го исчистиш носето тогаш така терај...
Во принцип не се вадат доколку нема т.е. ако шмукаш секој ден постојано а нема, тогаш провоцираш и се дава сигнал дека нешто се случува и почнува да се создава секрет повеќе А ако има секрет влечи постојано за да носето биде чисто.
Прокулин. Јас немав диоптер, ама сега ќе имам изгледа. Ништо ситно не читам, некогаш ми солзат очите, работам на компјутер.
Ее да, и рацеве ме болат, коските. Ногата ми се искриви кај палецот, сега си носам силиконски сепаратор. Баш ме потсети. А знам дека е до хормоните зашто и пред бременост ми паѓаше, башка кај мене нема да се средат, немам циклус веќе. Затоа реков да почнам пак да пијам хормони, ама не знам како со доењево. Детево не може без мене, 5 ипол мес, затоа реков со крвна слика да почнам. Фала многу, позз
Здраво сакам да прашам дали некој има искуство со повраќање со шлајм кај новороденче 3 недели, после пиење млеко поврати измешано со шлајм и се гушеше неколку секунди го свртевме и беше ок за брзо. Ја носевме на контрола предходно кажаа дека шлајмот се слева од носето.