Повторно јас. Бебе 7 недели со исчистено носе, тешко ми диша и ко да ми хрчи! Што да дадам/правам дур ми врати педијатар?
Како да и помогнам на бебка да не повраќа толку? 6 недели и 3 дена е, на ад, поригнува после јадење, се по пропис како шго треба. Многу е лакома, 120мл ги цуцнува за 15мин и претпоставувам голта воздух и кога ја кренам за подригнување ќе почне да се врти да се пика со главчето во мене и ќе поврати. Исто и после саат, саат и пол ако е будна, да си мрда да се врти, пак ќе поврати. Не спие бре,кажете што да правам и со тоа. Има многу мака со грчеви и ќе дремне 15-20 мин, се буди и не презаспива. Бебе 6 недели да спие по 2-3 часа денот, еве не знам. Ноќе спие додуша, добра е, ама пак, нели треба повеќе дремка во текот на денот?
2,3 часа во денот, тоа за мојов беше научна фантастика првиот и вториот месец, потоа почна да си спие, сеа на 7м спие по 4,5 часа во денот, ноќе уште од бебе си спие без проблем, еве легнува во 9 30 станува во 7 30, и еднаш во 4 за млеко. Такви се некои бебиња, трпение ќе смени.
исто и мојата не спиеше... само што и сега не спие дали 1-2 саати во денот и плус навечер дежураме станува на секој саат
Освен физиолошки и вадење секрет со пумпа мој совет ти е ништо да не правиш на своја рака...иначе и ќерка ми така беше и ми викаа дека е нормално затоа што носето не му било убаво развиено ,односно носните канали ,по 2 месеци се среди ....мајка за да си мирна најдобро педијатар да го прегледа...
Ќерче е 3 недели, во каката има нон стоп шлајмчиња малецки. Вчера поврати млекце и исто имаше такви во млекцето. Ја носевме до систина да ја слушнат, нема ништо, евентуално рекоа со синомарин и пумпица да чистиме носе. Не ми текнува дали кај синко беше вака, се чистат на овој начин или настината е? Педијатарот рече не е настинка, ама незнам што да мислам.
Дали е бљуцкање или повраќање? Моето бљуцкаше многу, и се среди со paced bottle feeding техника, побарај на интернет, подолго време треба да го раниш, поткренато. Јас исто и од кога ќе го наранев на подкренато го оставав и тогаш заспиваше, инаку претходно се мачеше на рамно. Јас имав перница за тоа има во бебехоум, му ја ставав под гнездо, ама надгледувај го ако лежи така. Ако е повраќање често консултирај се со педијатар, треба да се смени млекце.
Ели мислам дека е нормално, и мојата имаше во каката баш тие недели, ама дека е нормално, дека се чистеле, не ни отидов на лекар, вака немаше никакви други симптоми. @emche05 Иста возраст ни се, за утеха и мојата не спие ич, едвај сврзува 1.5ч, и после на 15 мин се буди во текот на денот. И прозори на будност пратев, и храна, и атмосфера, џабе.
Ако е бебето 6 недели, воопшто не гледај прозори на будност, премало е и рано е за тоа. Пробај со white noise
Да не е многу 120мл за бебе од 6 недели?! Мислам да. И башка за 15 минути ги пие, може и е многу. Пробај со цуцла со поспор проток и помала цуцла. Какво шише/цуцла користиш?
@emche05 нас педијатар ни рече да го кренеме душечето под агол 45. Исто , ќе ждригне по неколку пат и пак. И гајле нема , одма бара пак да цица
Конкретно за HIPP HA 1, позади пишува 6 недели бебиња 1 оброк 120 мл... @unearthlysarah Фала ти, пробував кога имаше 3-4 недели неуспешно, ама сега поголема може ќе успее.
Фала мила. Се консултирав со педијатар среќа што педијатар не дава ништо, ми рече исто дека до 6 месеци носните канали не се развиени и дека е нормално, и дека нема шанси да се следи на белодробието. Само да вадам секрет и да тапкам по грбче
Читам наназад и барам што да купам за комарци за бебе, освен апартчетево од Сhicoo кое е нај фалено постои ли некоја алтернатива /замена бидејки никаде го нема во продажба?
Кај мојов до 4м едната носна рнка му беше затворена и фрчеше постојано на неа, совет од педијатар беше сама ќе се отвори, баш дека не се уште доразвиени и така и бидна