Tommee tippee шише со 1ца цуцла користиме. И давав 90, ама бара уште. Не пие на секој оброк по 120, некогаш 90, некогаш цели 120, а некогаш па ни 90 нема да испие. Пробав еве вчера денес, на повеќе пати ја прекинувам да подригни и има подобрување.
Незнам дали прашањево е за во оваа група.. вака , бепче е 2ипол месеци, на адаптирано и давам бејбитолмд3 со омега.. дали да продолжам со бејбитол или да земам пливит д3?
Знам дека не препорачуваат педијатрите, ама давате ли вода на бебуши, и како, колку? Вчера плачеше, нејќе да цица, нејќе адаптирано, се излажав дадов чајче Бекутан, ќе се удавеше. Денес исто, плаче, 100мл испи, па се прашувам да не е всушност жедна... Знам дека е мајчиното вода, ама нејќеше да цица, нејќеше ни молзено од шише - претходно немав дадено чај, не беше сита од чајот за да одбие млеко.
100 мл е премногу за толку мало бебе. Моето почна да пие по 30-50гр кога почнавме со цврста храна. Сега на 10++ пие околу 100-150мл во денот.
Никако вода се дури не почне со цврста храна после 5 и пол месеци, особено не 100 мл и особено не на 1 месечно бебе. Не може да е жедна, млекото е над 80 посто вода. Бубрезите не се спремни на таа возраст за вода, со вода се пореметува електролитен баланс во телото што може да е ептен опасно.
Фала ви, испаничив, се надевам не сум направила некоја беља. Не давам од утре, ќе форсирам мајчино молзено ако нејќе да цица...
Многу вода е тоа за толку мало бебе, ќе направиш електолитен дисбаланс. Прв пат вода дадов кога почнав да давам цврста храна. На почеток пиеше само по некоја голтка. На второто уште не сум дала вода, а скоро почна со лажичка две вкусови. Искрено заборавам.
Не си направила беља, ама не давај повеќе. Ни во најжешки денови нема потреба, форсирај млеко и ако нејќе да цица од нешто друго и е, може грчеви има, може топло и е, и се спие, ама сигурно не плаче од жед.
Се излажав зошто за дозирањето пишува од 50 до 100мл 2 пати на ден, пред или после оброк, затоа мислев дека нема штета...
Мајки да прашам за седнување на бебето имаше некое правило од кога смее ? Не сум во Мк. и овде прашав ортопед и ми се чудеа, као демек смее да седи откако ќе може да седи, така ми рекоа. Освен првото ехо на колкчиња кога имаше 5 недели, сега немало потреба од ново ехо и така 5++ сме и со вкусови почнавме па го подседнувам за време на јадење и ми е страв да не направам беља
Како воведуваш вкусови? Јас пред два дена дадов две лажички морков а денес компир.. Не сум многу упатена како треба правилно.
Па треба демек два-три дена еден вкус, првиот ден 2-3 лажички, вториот 7-9, третиот 15, т.е постепено да зголемуваш количина. И така неколку вкусови ќе даваш, после неколку воведени намирници можеш и да мешаш. Е сега ова проблем е тоа што мојата не јаде, едвај 2-3 лажички е секој ден. Повеќе информации и искуства можеш да најдеш тука.
Мајка мене педијатар ми рече секој ден различно да давам, не едно исто по два три дена, ако е алергично на нршто веднаш ќе покажало. Ми рече ако даваш од де по два три дена знаеш ли колку време ќе ти треба бебето да проба од се. Така применував за првото еве и сега за второто се спремам. Единствено пазев на тоа кој зеленчук/овошје од колку месеци смее да се дава.
Со првото дете првите вкусови ги давав по 2-3 дена додека да сфати што треба да прави и алергените исто така ги давав по 3 дена. После тоа поопуштено течеа работите. Среќа се погоди јадач, па немав гајле. За разлика од него, со второво мака мачиме со јадење ама пак затоа до сега му воведов и кикирики, лешник и малина. Кај и да е и јагоди ќе проба .