Мајки, има ли некое бебе како моево да не мочка ноќе или во сон? Големиот исто така правеше еве сега и малово, само што кај малово се појавија аморфни урати во урина, кои не се третирале. Еве неколку дена е ок урината, ама јас од памет се вадам. Цело време проверувам дали е мокар памперсот, дури и на два часа менувам од мисла, а бебче си мочка, плус на жештиниве и се поти многу. Во Плодност ми рекоа дека нема простор за грижи ама јас само тоа мислам.
Според спец. Педијатар др. Сајковски органските јагоди може да се даваат пред 1година, од 7 или 8 месец, додека купените од продавница по 1 година.
Женски каде ги сместувате бебињата да спијат кога одите на одмор или на гости (кај што нема бебешко креветче)? Моево спие во неговото креветче од раѓање, некако не ми е у план да го учам да спие со нас на спална сега на 5++, само поради одмор. Се мислам да купам транспортно креветче за таква намена, што мислите вие?
Откако се стопли а и порасна малиот 7м веќе е, многу помалку моча, дури ме загрижува, само ноќниот памперс тежи, другите 4 така така, мочкани се знам ама не тежат многу. Порано по 11 мене ме сеа едвај 5, дека не го оставам во нив инаку и со 3 бо 24ч ќе помине. Незнам колку е нормално сето ова. Пие 700мл во 24ч и јаде еден оброк
Се потат така ја исфрлаат течноста затоа и помалку мочкаат, ама пак и јас се грижам. Плус исто како и кај @eli25 малечката и бебчево има нако шлајмчиња во измет, ама пак периодов ептен се лигави и цело време е со прстите во уста и течна кака има.
Мајки да ве прашам дали сте имале искуство бебе 3 недели да не е какано 4 дена? Инаку е на комбинирано ад и мајчино. Зема колиеф за грчевите и пробиотик биогаја.
Здраво Да прашам бебето е дба месеца и е само на мајчино млеко,има многу грчеви,давав еспумисан,колиев ама нисто уште полошо,а се кака два пати во 24 часа се мачи малце сма полесно е одколку со капки,дали е нормално толку или е мн малку?
Некои деца какаат 2 до 4 пати, некои повеќе, некои на 10 дена еднш, нормално е. Грчевите сами ќе поминат по 3м
Дали ви хрчкаат бебињата? Прашав во систина кога бевме на контрола ми рекоа од млекото што им се враќа. На нос убаво си дише. Обично кога ќе стане од спиење почнува
Да, после јадење обавезно. Педијатарот ми рече ништо не било страшно не им бил развиен ларинксот и дишните патишта, останувало млекце во грлото.
Ми хрчи да и жолти мрсули му вадам повремено. Малку се испаничив ама педијатарот ми рече се чистело само солени капки да ставам и ке му поминело.