И мене исто ми рече. Земав и мала пумпица ама едвај ја пикам во носето и ништо не излегува. Вака спие мирно, нема ништо. Штом стане почнува со хрчкање. Колку е стара твојата бепка?
Дали ви е стресно бањањето на бебето и како се справувате? И со првото ми беше стресно, многу плачеше на почеток, ама ќе го избањавме од еднаш, набрзина. А ова мајко моја, урла, посинува, зајдува. Сто пати го вадам воден и го ставам на мене да го смирам. Цела сум и помочана и водена и препотена и со трауми. Кога престануваа да плачат? По месец? Два?
Моето наполни 7 месеци...тек сега почнува да не плаче кога го капам.Сега само седи легнато прав како даска и ги затвора очите мислиш заспаПодобро него сите комшии да не разберат што правиме,помодруваше од плачење буквално неколку мин го капев
Па зависи, некои плачат пошто не сакаат вода, некои пошто не сакаат да излезат од вода. Во мое опкружување овие првиве се потерсене. Мојата до кај месец ипол, дур не почна да капира што се случува плачеше, ама не била до зајдување. Многу и сметаше вода на лице укапирав. Штом ја извадев одма лице прво бришев и имаше период кога ќе ја извадам од корито, во раце се гушкаме, па ја облекував и и го пресекував некако процесот дека треба да плаче. И цуцла, може не сакаш, ама спас е во дадени ситуации. Ама она уживаше во вода, кога ќе ја извадев беше проблем. И никогаш не сум пазела дали ќе намокрам лице или очи, на секое бањање тушот и е врз глава, на крај бришеме лице, очи, ушиња. На почетокот па дур ја бањав на проточна, на рака, свртена наопачки, најлесно ми беше, она дур се свести што се случува готова сум. Не се стресирај, што ако поплаче, вежба бели дробови. Ако плаче помири се тоа е тоа ништо не му е, тебе ќе ти биде полесно.
Same here Мислам дека неможам да го добањам убаво од што урла и помодрува Дур не ја облечеме не се смирува. Не сака ни млеко за тело да ја мачкаме. Кога ја мачкаме исто урла и преку ден. Мислам до детето си е. Синко ни глас не пушташе .
Бањањето го совладавме, ама облекувањето, исто како описот, се гуши, снемува воздух, модра, секој пат од памет се вадам... некогаш не успевам да ја облечам па седи гола, ја покривам со тетра пелени додека не се смири ептен па продолжувам... Исто и со менувањето пелена, многу многу стресно. Се надевам до 3 месец ќе се смири зошто мислам млеко снемувам од тој стрес. Препорака за добар невролог, некој што работи со бебиња? И дали имате искуство со Sandifer syndrome?
Прво, немој да паничеш. Второ, не мора одма да ја облекуваш. Прво смири ја, ако е на доење стави ја на града, зборувај ѝ, пеј ѝ, пушти ѝ музика. Има време кога ќе ја облечеш. Секако е лето, ништо не и е гола. Моето сред зимо седеше голо додека не го смирам после бањање, па ниеднаш не се разболе. Знаеше и да заспие на града одма после бањање, само на памперс, го покривав со ќебенце, па кога ќе стане го облекував.
додека не почне да се врти ја го користев докај 4 ти месец... види прво во сместувањето, нас ни дадоа транспортно, иако не сакаше да спие таму во креветче, само ни фаќаше место во соба
Мајки, дали некоја имала проблем со сплескување на едната страна на главчето на бебе и како сте го средиле?
Двете мои деца имаа сплескани главчиња зашто до 3 месеци само за млеко се будеја. Форсирај вртење на сите страни наизменично: ако е назад сплескано, врти го на страна да спие, ако е лево -врти го почесто на десна страна и обратно. Ако не се лажам твоите се ептен мали, сеуште им се меки главчињата и ќе се оправат на овој начин. Бар кај моиве функционираше.
@eli25 фала ви мами, да ги вртам главчињата и се надевам и ние ќе успееме да ги исправиме, два месеци сме. На твоите кога им се оправија?
Мајки, искуство со Стафилокока ауреус кај бебе. Ја има во носе и очиња уште од болница, симптоми нема. Ви болница беше на терапија антибиотска 5 дена и дома 3 дена продолживме џабе. После капки стававме пак џабе. Ми остана детето невакцинирано со Бсж, а веќе доаѓа време и за други вакцини. Матична ми вика не може да се вакцинира, други доктори ми викаат вакцинирај го нема врска тоа детето си е здраво. Не знам што да правам и кого да слушам.
Прашањево мое е како лаик, не ме разбирај погрешно, но станува збор за бактерија без симптоми или само колонизација? Ако не ти е тешко една консултација со Сајковски од систина, бидејќи ако е само колонизација можеби не треба антибиотик.