веќе ти одговориле до 6 ти месец треба да ја дуплираат родлната, и мојата првите два месеци по кило ставаше па намали 500-600 гр, на 5 месеци ја имаше веќе дуплирано
Не верувам да е шлајм. Баш прееска пишував ја бев неколку пати на лекар ми рекоа тоа му е млекце му останува при јадење и си хрчка бебето. Матичната ми вика само си го исфрла или со повраќање или ќе го голтне после одредено време. Чим не плаче не му смета.
Не знам, многу ми се закашлува од тоа. Ќе се закашла на неколку пати и се мачи да голтне. До пред еден ден не и беше така, а вчера и сабајле имаше по некое мрсулче во носе, затоа си викам да не е шлајмче
Јованти порачај си го ова: https://amzn.eu/d/1bwHZVp Мојата плачеше првите 2-3 недели откако го купив ова уживаша и ден денес обожава да се бања.Обавезно исто ме држеше за прст. Со првата и мене ми беше стрес.
Проба ли со акварисот? И мене ми викаа млекце е ама како почнав да шприцам со спрејот , почнува да кива и и излегуваат мрсули. Чистам и со пумпица и со стапче за уши со стоперче. Еве сега саат време се чистиме Ја нашприцав 2-3 пати , кива и и излегуваат
Tecna stolica kaj bebe 2 meseci? Imavme dosega normalna zrnesta, eve vcera i denes tecno kaka i toa so zvuk, crevcata mu krkorat cat pat, no ne e vremenski mnogu cesto, odnosno dnevno do 4 pati kolku sto i obicno kaka.
Пробав, вадеше мрсулки, ама зошто ми кашлаше ја однесов на лекар, има наод, "благ свиреж" во градињата и и го аспирираа шлајмчето. Ќе следиме сега, проблем е плус и што намали со јадење
Оф леле И јас кога ја држам на грбче како да ми хрчка осеќам ама тогаш и кажав на матичнате она ја преслуша немаше ништо, рече “ рефлектира” така од секретот. А терапија што ви даде? Колку е старо твоето бепче и каде бевте на педијатар?
Имам слично исто од Амазон. Џабе е. Не, ова бебе ми е многу различно од првото. Првото ми беше многу посамостојно, сите ко штафета си ја подаваа и ден денеска можам со секој да ја оставам. Ова уште на клиника само во мене да е сакаше. Едвај скринингот за слух му го направија. Со првото од одма во количка меревме улици, ова количка да не види. Првово уште во кола ужива да се вози, ова нејќе. Вчера ќе одевме на шетање, ми треба воздух не можам дома веќе, едвај до негде и се вративме назад ко попарени. А многу му прија прошетка надвор, многу поубаво и помирно спие после тоа, ама стварно не можам да го носам во раце на секое одење надвор. Си ги надоврзав маките.
Ништо терапија за сега. Само спрејчето го прскаме и да чистиме носе, вечер ќе одиме пак. Нема тт. Инаку месец и 20 дена ми е бебуш, Битола на државна на педијатрија бевме.
И мојава втората е залепана за мене.Исто многу се различни и моиве.Додека мислев дека од првото покомплицирано бебе нема ми се роди малово и ми докажа дека има.Добро мало е уште ќе се навикне полека на се.Сепак со мама се е посигурно.Јас се чудев за второто како плака во кола и неќе да заспие.Ние си шетавме таа си плакаше, мм си пиеше таблети за мигрена ради звукот.Ама сега обожава да шета.Со првата па еден ден излеговме до трговски од толку што плакаше пешки се враќавме во раци на стомак.Децата се комплицирана работа, само да пораснат и ќе викам уф фала Богу што немам бебиња.
Ќе се среди. Јас требаше од одма да го земам акварисот , се зезав со изомар ампулите ништо не вадеше.
Ме пресмеа со маж ти и таблетите за мигрена. И ние така вчера, демек маж ќе ме носи до еден мол надвор од градот, пошто ништо немам видено од градов, влеговме 5 метри од влезната врата и само се свртевме и се вративме дома. Едвај. Не знам како можеше толку различни да се. Едново со лажење да го вадиме од кола, другово со лажење да го внесеме во кола. Ај ќе пораснат брзо.
Jas samo da si kazam deka stana praksa da vikaat pedijatrive nisto ne e , malo e , ke se sredi do 3/ 4 /5 /6 meseci ....