Малце претеруваат со препоракиве,мислам нормално треба да се внимава ама па до толку.. што ќе му направи оградицата убаво врзана жити се? Дете треба да спие и на страна и на грб и на стомак, кога спие на стомак бдеам над него со саати ама ако. На грб само да му се сплеска главата? И не можам да замислам да ми спие непокриено детето, колку и да сум облечена навечер пак ми фали ќебе над мене барем околу кичма, се осеќам посигурна а не па бебенце сега родено.
Ги читав препораките, од 5м нема шанси на грб да спие, или е на страна или на меше па ти колку сакаш врти го. Така што што и да кажат децата по 5м веќе се многу мобилни и нема шанси да остане да грб цела ноќ. Сега не го ни покривам, а осети тетра врз нозе одма се буди и ја јаде. Зимно време само вреќичка.
Препораките се да спие на грб се до моментот дури не почне само да се врти. Многу родители од прв ден го ставаат на страна свртено потпрено со ќебе/тетра и тоа е погрешно..може да бљуцне и низ нос да си вдише повраќаница или да се преврти и угуши. Значи за новороденче. А веќе само кога се врти нема потреба да се враќа назад, само да се тргне оградица и сл.
Не. И јас така мислев и така беше претходно… Барем така коментиравме… Сега новите ажурирани препораки се да се става на грб додека наполни година. Другите препораки се лесно изводливи, нормално е секој совесен родител да сака да намали секаков ризик. Ама ова и мене ме буни и се прашувам како ќе може да се изведе кога веќе почнуваат да се вртат, просто невозможно е да остане во иста позиција како што ќе го оставиш…
Кога ќе почнат да се вртат и на глава да застанеме нема да ги спречиме во тоа. Јас ги оставам на грб кога ги легнувам и во истата секунда веќе се свртени на страна или грб. Кога беа помали и сеуште не знаеја да се вратат од стомак на грб, не ги оставав така. Оградици и перници не користам. Ептен бев/сум наплашена од SIDS.
Изгледа така ќе биде и тоа е тоа. Ќе намалиме ризици од сите други страни. Мене првото дете ми спиеше во креветче од прв ден. Имаше период кога дење само во раце сакаше, ама ноќе од прв ден во креветче. Ова и ден и ноќ е во мене. А и мислев кај и да е во друга соба да го делам со првото. Сеа откако ги прочитав новиве препораки, одма земавме со маж ми меревме, премерувавме и утре креветчето ќе го земеме кај нас во соба. И мене како тебе ми е страв од сидс многу.
И во текстот пишува, да се става да спие на грб, тоа значи да не се става на страна или на стомак намерно. Делот каде што бебето само ќе се сврти го изоставиле. И за тоа нема многу конкретни студии ама сепак вика ако се сврти да се остави. Затоа македонскиве сајтови треба извор да ставаат. Ако ви се чита, не го читав цело. Линк А и уште нешто, препораката за цуцли при заспивање мислам беше, сеуште стои дека намалува ризик од сидс .
Majka nie 3 meseci sme, a garderoba nosi od 6-9, inaku ima 7kg a voopsto ne izgleda debel, deka e visok.
Moeto koga go stavam na grb da spie obavezno povrakja i pocnuva da kasla, a na stranan koga spie ako povrati, se sleva toa nadole i on voopsto ne se zakasluva. Pogem rizik ima da se zagusi koga spie na grb.
Кога и кажав на докторката дека бебе едноставно не спие на грб и многу се врти, одговорот беше не спијте вие. До сега требаше да се смисли нешто за бебиња што немирно спијат, не спијат на грб итн. Да се собереме сите со такви бебиња и да направиме некоја машина со сензори И така, заклучок е дека не може сите да се придржуваат до ова, наше е само да се обидуваме постојано...
@Verce28 Дишниот пат е во суштина над хранопроводот кога лежат на грб, па од таму и заради гравитација е помал ризикот да му се слее во дишникот. Дури и за бебиња со герд и рефлукс вика дека треба да спијат на грб. Никакво поткревање под агол, што кај нас е пракса не сум упатена многу. На вас од неколку месеци што ви се вртат бебињат не знам како спиете искрено
Во која смисла. На моево му се јави монголска пега, односно на газето имаше а околу 5м му се јави на грбче, наталожување на меланоцити или хиперпигментација. Панчев, но според педијатрите кај црните деца е честа појава. Инаку и јас имам огромен белег помеѓу градите во вид на натсложување на бемки исто од многу меланин. Кај вас како е, каде.
Кога почна да се врти дежурев неколку ноќи но тоа е неиздржливо. Сега кога се будам неколку пати го проверувам и ретко е на грб, го вртам но у секунда пак се врти. Господ да ги чува друго не знам.
[ Прашав Ели, и рекоа ако мене не ми смета, слободно, само долниот дел да се внимава да не е точно на раната туку или над или под. И само рекоа, ама не денес, утре. Значи ти можеш слободно. Овде препораките се да си правеш се нормално како и претходно. Одбив бсж вакцина. Изборна е. Не знам дали згрешив или не, нас ко држава не има во ризик земји да, ама ние еве овде ќе живееме.
Е јас баш сега ќе во пишував за БСЖ. Мене ме вратија поради тоа што ја закаснив, во болница не му ја дадоа имаше покачено црп, после пак со бактерија и сега ради тоа што треба да прима Рота вирус не дозволи докторката. Има ли некој слично искуство, опасно ли е ако не е вакциниран сега, еве сме скоро 2 месеци..
Уште сум параноична јас еве и на скоро 8 месеци. Ама големи се веќе мислам дека. Мојата кога беше месец-два од многу претање од грчевите знаеше така да се сврти на страна на полу стомак, тогаш реагиравме обавезно, среќа па и прекина тој краток период. Наредно почна да се врти кога се ојача. Во овој случај мислам дека се безбедни ама пусти страв.