Бебе кашла, нема температура сега за сега, може ли да е ковид? Не хрчка, суво кашлање има. 2 месеци сме. Што се дава? На педијатар сме од 13.00, не можам да дочекам.
Која прва козметика ја земавте за новороденче? Мустела, еуцерин, бејбичов, уриаж, корне де фарме(некоја од зегин марка, гледам имаат маслена купка), чико, хип, веледа? Некоја друга? Зимско бебе ќе е, термин е октомври, се припремам пополека со списоци
Јас од се по нешто земав Бекутан, па ми донесоа на Мустела ги почнав и нив имам и на Хип и така си ги менувам ама ќе си продолжам со Бекутанот кога ќе дотрошам другиве
Веќе од 3 месеци спие на меше. Кога го ставам на грб почнува да ги дига нозете и се буди. Го ставам на страна и сам се врти за меше и така спие
Јас мислам Веледа или Логона, а како втор избор Алверде, Бејбилов или Хип или која и да е друга природна козметика. Медицинската козметика како Мустела, Еуцерин, Уриаж се купува по потреба ако бебето има проблематична кожа.
Веледа ама не ми се свиѓа, па еуцерин во ладното, сеа лето корин де фарм, а на зима па ќе префрлиме на еуцерин.
Ко почна да се врти, ја вртев на страна успешно. Ама после 5ти месец ништо не ја застанува да спие на меше и најубаво и е така, цела ноќ ја преспива. Некогаш ќе заспие на страна ама пак си се врти. И преку ден е легната на меше 80%. Критично беше кога не знаеше да се врати назад, тогаш се будеше плачејќи
Дали некој користите Waya капки (пробиотик се како што читам) и дали сте забележале промена во однос на подобрување на грчевите на бебушите?
Мајка јас ги користам waya капките за грчеви, моето бебе е седма недела, инаку има подобрување ама откако јас почнав да пијам чај од семе од анасон ( пиев многу за првото дете и немаше грчеви) има многу голема разлика, грчеви скоро и да нема неколку дена..
Јас ги користам и се супер, ама за грчевите нема лек лек освен да пројде време. На моево мало грчевите му поминаа тек во 4ти месец негде. Од почеток користевме Биогаја пробиотик и тука прочитав ги засилувал грчевите па ги сменив во Ваја и да ти кажам подобро му беше. Дали од пробиотикот или така се погоди, не знам.
Nekoj koristel tobradeks kapki? Ima nekoja infekcija maliov na oko tie ni gi prepisaa, na niv pisuva deca nad 2 godini.
Рекол бимбо и Биогаја се ист тип на пробиотик reuteri, додека Ваја е различен rhamnosus, веројатно затоа кај некое бебе повеќе одговара.