Јас со ова средство вадам дамки од се. Инаку @joy1 провери во ДМ дали имаат лигавчиња како на сликата, материјалот им е како мушама, само го бришеш и готово. Ги гледав во Србија, тука не сум проверила дали ги имаат.
Мислам дека имаат.Гледав едни пред една недела но не сум сигурна дали се истите.Благодарам ке проверам.
Na majcino mleko sme,sega za sega ima samo gasovi.A so toplomer ne sme probale ama ke morame pa moze uste deneska odma.Inaku fala vi mn za sovetot.Golem pozdrav od nas <3
Јас го имам истото средство и навистина ги вади дамките.А таквите лигавчиња како мушама ги има во Џамбо јас од таму имам купено.
Мајκи јас сум неинфоρмиρана или луѓево ме пρаат будалa,значи најнов совет од тетκа ми денес го добив ,од 4 месеци сега ќе полниме да сум му давала по една κоцκа чоκоладо сеκој ден животинсκо цаρство ,таκа тρебало нели чоκоладото е после 1г.алеρгено е јас таκа знам ќе ме спобудалат од ваκвите совети
@TIGARCE86 мене пред некое време за малата ми донесоа неколку чоколатциња животинско царство и ми кажаа кога нема да ти јаде ништо друго дај му чоколада и јас само си преќутев и си ги земав чоколатцињата ќе си ги јадам јас кога ќе ме фати криза за благо
Абе што се нервираш заради надворешни небитни фактори?Кој како сака така нека си ги гледа децата.Чоколадо на првата дадов пред годината можда околу 10 ти месец.Но 4 ти што е рано рано е.Претерала тетката
Остави ги што сакат нека те "советуваат", прави си тебе како ти одговара, нема потреба ни да им објаснуваш дека на бебе од 4 месеци ништо освен млеко дали мајчино или ад не му треба, како и да е чоколадо воопшто не му е потребан а и ако даваш тоа тек после годината.
Пρво дете ми е и немам ниκој постаρ од мајκа свеκρва ,а понеκогаш ми фали и саκам да слушнам неκој добаρ совет што ќе ми биде од κоρист, од жена што изρаснала две деца 5 внуци ама ова не знам, дали е смешно или стρашно,κаκо не ρастеле нас за таа сламκа се фатиле
...да ти спие убаво, затоа јас одлучив ако ме прашаат добар ли е, да супер е спие! Не се жалам дека е кинкав, за гасови, за грчеви, за цуцли, бидејќи нели, гладно е и треба дохрана, а и мед на цуцлата да е помирен! Се е одлука на мајката, сама јас од црвени обравчиња фатив уплав, а не пак по старински да тераме како за нас што било- млеко кравјо и плазма во 2 месец!
Не си сама. И мене секојдневно ме "советуваат" што да и давам да јаде. Татко ми еднаш мед сакаше да и даде, стрина ми лимон, свекрва ми ме пукна со тие смоки, а свекор ми секој пат кога и давам ручек ме прашува зошто по некоја трошка леб не сум и ставала, да и држело ситост. Секој ден го добива истиот одговор, дека нема потреба од леб, ама џабе. Да им нацрташ треба. Ама од едно уше влегло од друго излегло. Им кажувам така на доктор ми рекле да ја хранам, дека тоа ѓто они го кажуваат е штетно и не смее да го јаде. Некогаш се правам и дека не ги слушам. Сега пред некој ден биле на гости кај некои пријатели кои имаат 8месечно внуче, и фасцинирани како му макале од оризот кој бил приготвен за големите, а тоа со сласт си јадело, јадело и чоколада. Ако не викам не, секој прави како што мисли дека е најправилно, ама па јас колку толку се трудам здраво да се храни, и јас сигурно некаде грешам. Но никој за жива глава нема да ме натера да давам тоа што не е здраво, како тие смоки, чоколади и други калорични, а нездрави работи.
Мене сега не ми се мешаат, со првото пробаа ама не им успеа. Кој е добро информиран знае дека фајде од шеќери и емулгатори нема ни за нас не па за бебињата.
Мајка ми па се гордее со тоа што се ми давала да јадам. Демек јас ништо не ви забранував вас, а ти го мачиш детето уште од сега со скратување задоволство. Ама тоа е кога плитко размислуваат.
Тие размислувале: да не му биде празен стомакот, те гледа дека јадеш стрв ќе го фати, не се расте ако не јаде леб, тортичка.... Мислам дека заради неинформираност е. Ама искрено и до глобалното советување од страна на педијатрите. Така им кажувале ( за некои работи) и така правеле, на пр.за мед, лимон од три месеци. И нас така ни кажуваат така правиме. Се мислам што ли ќе се прави кога ние ќе имаме внуци ?
Мајка ми со тоа лимонот, а свекрва ми со превриена вода ... стандард муабет кога детето штуца - за да престане! Да не му давам цице, најдобро лимонада ако ги слушам двете Ама не им се лутам зошто и они си кажуваат од што мислат најдобро