Жолта златеста, сенф боја. И ако е само на доење и до 10 столици е нормално. Кај нас и течни се столиците. Сосема нормално е.
Дали некој има слично искуство. Малото ми е 2 ипол месеци. Дремките вчера и денес му се многу невообичаени односно не се буди по неколку саати. Тропаме низ соба, ќе ја галиме само ќе размрда и ќе продолжи да спие. Само на боди по кратки е не е топла просторијата. Во втор скок е по апликацијата. Летаргично е и ме плаши многу, не знам веќе ни како да се облече и дене и ноќе со ова жешково. Некој за помош?
Колку цица? Фонтанелата дали и е вдлабната малку повеќе? Не мора да значи дека и е нешто, ама поспаноста може да е знак на дехидрираност.
5 до 6 пати од сабајле. Пред 2 недели бевме на ортопед рече дека е во ред нешто спомна 2 центиметри ама не разбрав...
Od koga ke pocnete so voveduvanje na kasicki I so sto smee a sto ne? Nie sme 4ipol meseci pa planiram na polni 6 m da pocnam
Таа и вообичаено е вдлабната ама ако е дехидрирана треба да е повеќе, ако бебе полни пелени тогаш ништо не е, едноставно си расте. Следи ситуација колку време ќе биде вака
Да пелените се ок. Специфично е што се појавува 2 дена по ред идентичен ден. Станува кај 7, цица и спие до кај 11 . Преку ден ќе врзе само 1 или 2 кратки дремки и од 5 до кај 9 вечерта не може да се разбуди... Да го будам или не кој да знае у пм...
Пред да наполни 4 месеци почнав пошто додека проба од се има време + сме на ад и имам голема желба да ми јаде се. Почнав со компир,морков,брокула,авокадо итн. Сега давам и сокчиња и вода (обавезно).
Дали навечер доколку приметете дека се искака, а си спие му менувате пелена? Една сестра додека бев во болница ми рече дека навечер не се менува пелена. Демек ке се будело постојано за менување
Да, обавезно. До 5м еднаш навечер му менував пелена кога го будев за млеко, од 5м наваму не, сега и не мокри толку многу дека не е веќе толку мал, а пак еднаш си пие млеко. Кака а обавезно менувам одма штом осетам.
Ако се искака обавезно иако не кака преку ноќ а обично памперс менуваме сабајле кога ќе се разбуди така правам од 2 месеци пошто не јаде преку ноќ и многу малку мочка не го полни.
Јас некогаш дури и по три пати му менувам, и да не е какан не го оставам со мочки. И нехигиенски и ладно му држи полн памперсот може да настине. Јаде менувам пелена и назад на спиење , не се расонува.
Ако се искака, обавезно менувам пелена. Мочкана ако е само не, ама и тоа зависи колку е полна. По некој период прекинуваат да какаат навечер. Бебето ако се буди сигурно не е за да му смениш пелена само од навика.
И јас менувам ноќе 2 3 пати. Не би го оставила да спие во гомца, замислете вие да спиете во мокра и полна пелена.
Исто и мене овде ми рекоа дека ако спие навечер не треба да и менувам памперс и ако не плаче. Јас ако ја сетам дека се искакала, менувам секако. Она и да нема пелена без да е какана. Овде и за бањање, ми рекоа два пати неделно. Искрено малку ми е, дете кака, моча, сега е лето и не би само два пати. Нема секоја вечер, ама еве неколку пати да.
Мами бебушов почна многу да се лигави,прави балончиња и рацете само во уста му се, прво мислев дека е гладен ама сега гледам се почесто и почесто и после јадење. Нормално ли е за 8 дена прави 2 месеци?
И мене за капењето/бањањето ми рекоа два пати неделно. Причина, бебињата имале заштитен слој на кожата, кој првите месеци бил клучен фактор за заштита на истата. Демек со капење паѓал тој слој, па затоа децава биле со суви кожи, егземи, дерматити и сл. Јас преку еден ден го капев, секој ден одмивав,не можев после какање зошто се случуваше и над 5-6 пати да е какан во ден.