Сте се соочиле ли со проблем бебе да нејќе на меше? Главата не ја крева така, ама успева пола метро да се помести со буткање на нозете, буквално се влече како змија, и нормално заоѓа од плачење па морам да ја земам. Пробав и на подлога, и со играчки пред неа, и јас да лежам пред неа, дури и со телефон, и не и не, плаче и се бутка со нозете. Заменско на мене кога ми лежи само така некако успеваме, ама ортопедот рече треба на тврда подлога...
Оо арно што се бутка, прави нешто. Мојава лежеше на место како шо си ја оставила и вриштеше. Повеќе време на под само, на тврда подлога и ќе се навикне
Мислам дека нема бебе што од старт сака доле на земја да лежи на меше и да не му е згодно да те види. Сите плачат, па и моево плачеше ама се навикна. Секој ден по малку повеќе време оставај го на меше ама и ти седи до него, да те гледа и играјте си заедно. Многу е битно да знае дека си тука и со тек на време ќе се опушти и само да го оставаш.
На почетокот едвај 5 минути лежеше на меше. Почнав од 2 месеци да го ставам. Сега е 4ипол и освен на меше не лежи никако друго. Го ставам на грб за секунда ќе се преврти на меше. Дури и на меше почна да спие. Ќе се навикне мајка, не се секирај.
Кога беше помал едвај 20мин, меѓутоа по цели денови спиеше врз мене така што не е имал проблем заради тоа што не беше на меше многу време на цврста подлога, од 5м нема шанси освен на меше да биде на грб, и дење и ноќе, само што ќе го оставам на грб на земја одма за секунда е на меше. Не му се секирај мајка менуваат многу брзо. Ќе сака и на меше.
Тешко им е, затоа несака. А на тебе кога лежи го крева главчето? Подобро е на под, ама и кај тебе кога е се важи за тами тајм. Комбинирај секако не се откажувај. По малку, а почесто ќе го оставаш. Земи и некое перниче оние полукружните или пешкир свиткај стави и го под гради да и е полесно, намести и ги рачињата, од ден на ден ќе зголемува по некоја минутка, после ќе нема проблем.
Го крева кај мене кога е, не секогаш ама кога е во добро расположение. Купив и перниче онакво специјално, ама џабе, само ќе се потпре на него и си легнува и плаче, некогаш и го прескокнува со тоа што се бутка. Фала женски, малку педијатриве не објаснуваат доволно дека бебе нема да може веднаш да лежи, па не знае човек што да мисли.
Мајки бебушот почна да ми кашла суво, како со ларингит, не знам точно да опишам ама лошо звучи и кога плаче тој звук го прави. Закажавме дури утре на лекар, температура нема, општата состојба му е добра само носето му тече по малку. Ама ме загрижува кашлањето од време на време. Има ли некоја мама слично искуство, како да третирам додека го однесеме на лекар? 2 месеци е.
Koga najrano moze da izlezat zabi? Bebe 2++, kenkavo,race non stop vo usta, premnogu se ligavi... Na dopir na nepce na 4 mesta ima nesto sto grebe i e belo...
Не сум видела заби на 2 м бебе. И на моето така пред четвртиот месец ми се чинеше оти има нешто бело, тврди му беа жлебинките , лигавеше ненормално многу ...абер нема од забче, а е 7++.
До 4 месеци мразеше на стомак да го ставам иако беше многу цврст. Плачење на секое ставање и немаше шанси подолго од 10 секунди да биде на стомак. Буквално преку ноќ засака. Го ставам на меше спремна за плачки и не плаче, дури и се сврти на грб како којзнае колку пати да го вежбал тоа. Така што ќе му дојде само. Не грешиш кога го оставаш на тебе да лежи и да дига главче или во раце на меше да го држиш пак вежба.
Можеш да си купиш подлога за играње, мојава не дека не сакаше на меше, ама од 2 месеци негде ја ставаме на подлога шарена, со играчки што висат и топчиња има, и сама почна да се превртува на меше од што ја интересираше се.
да, сите бебиња не сакаат на почетокот, и мене ортопедот ми рече да ја ставам, она солзи лееше, мислев никогаш нема да седи, не ја ни форсирав, околу 4-5ти месец се научи сама да се врти од грб на меше, оттогаш само така седи и така и спие, нема шанси на грб да ја ставиш
Мислам дека и вчера ти пишав да си го однесиш бебето на лекар...ќе те примат и денес со толку мало бебе ..многу брзо спуштаат на плуќа...од искуство ти кажувам дека на нецели два месеци тоа ни се случи и завршивме на болница. Однеси го нека го слушнат да видиш раат.
Го однесов тогаш кога ми пиша немаше на плуќа.. сега почна ова кашлање од време на време па затоа за утре закажав немаше за денес термин. Во болница ве задржаа или?
Во болница да..4 дена бевме ..бронгиолит или така нешто...темп минимална околу 37.3 ...и калсаше...еве сега пак настината е...вчера се нашла неколку пати и плус мрсулчиња има и одма ја однесов...ептен ми е страв од тогаш...со лесно..се надевам дека ништо нема ама за секој случај однеси го пак