И ние сме во таква ситуација, матичната кажа ќе видиме и ништо конкретно. А закажани ни се на 02.09. Ако имаш некое инфо те молам да ми кажеш
Мамички каков топломер да набавам за бебка? Можам ли со живин да мерам во газе? Колку мин. се држи? Имам бесконтактен од еурофарм, од искуство со син ми воопшто не е точен.
Па шо знам, до 37.5 ваљда. А во газе не ти е страв? Ако се скрши? Немаат жива, само ние уште живини ги викаме.
И јас мерам со живин под мишка. Ако има тт живата трча за секунда скока над 37.5. Синко од Превенар прв пат ми качи тт на 3 месеци мислам, веднаш се познава кога дете има тт. Цел беше потопол од вообичаено, особено дланчињата кога ќе му ги допрев со уста, му гореа и не се потеше кога цицаше, инаку е жива вода.
Синко првпат се разболе на 7 мес. лежевме у Козле со пневмонија а без температура , дури на година ми крена, ептен ми е страв да не не ја препознаам бебка, синко носи се и сешто од надвор имаше и температура и сега сум на штрек само ја пипкам
Еве бебево втор пат ми кашла.3 ипол месеци е Тњмпература не ми кренал, нит се искомплицирало до сега. Исто се.туфкам да не не го познаам да се влоши... ама весело, цица, спие... Ваљда плачат и црвенеат кога имаат мака.
И јас од тоа најмногу се плашам, затоа што брат му два пати доби фебрилни конвулзии. И ако сега има 8 год, јас цело време од навика си го пофаќам на чело. Бебево тогаш кога качи тт, цела ноќ предремив со топломерот под мишка
Ако сакаш да мериш температура во газе земи дигитален топломер, немој со живин. Јас имам од Чико и задоволна сум. Држиш додека не свирне топломерот. Само да знаеш дека во газе покажува за 0.5 степени повисока температура. Инаку, со истиот му мерам и под мишка (најчесто додека спие или ќе пуштам песнички на телевизор за да седи мирен).
До лани после прележан ковид одлагаа вакцини за после 2 месеци, барем така беше за синко... Сега како е не знам ако има некој инфо нека сподели, бебе ми е за вакцина за пола месец, а штотуку прележавме ковид.
Koristite li kengur? Od koga pocnavte da gi stavate vasite mali i dali e prakticen I korisen. Vi blagodaram
2 пати дали го искористив. Ништо посебно. Беба склет ја фати во кенгур а и мене не ми беше нешто најудобно
Јас ја ставам од пред 1 месец, многу ми се најде и максимално го користам, имам многу кенкаво бебе и само тоа ми е спас.
една од ретките работи што ги немам купено за бебе ми изгледаше како нешто непрактично , што знам мислев ќе ми биде тешко и ќе ме поти и неа и мене особено во лето
Купив кенгур, сма нов ќе остане. Маж ми рече нема шанса тоа да правам жива вода и бебе и јас исто Мене во количка ми е најпогодено.