Мене и Хипот ми беше проблематичен, бевме на Хип ХА, сега на Комбиотик по препорака на педијатарот, и бебе многу повеќе бљуцнува од претходно...многу е тешко да смениш откако ќе се навикнат дефинитивно
Фала ти мајка. Мојата е месец и пол малечката. Едната близначка ја има, другата не..а нели постојано се заедно. И кај мене истата бактерија ја пишува на извештајот со скроз исти симптоми. Цитерал капки за очи ми кажа педијатарката една недела да ставам по 3 пати на ден и со беби стапче со истите носето да и го премачкувам. Во ниту една аптека ги немаше, па ми дадоа други како нивна замена.. Се надевам и кај нас за брзо ќе помине. Фала
Веројатно имаш силен млаз на млекото. Одмолзувај се малку пред подој. Ексклузивно доење значи да не внесува ништо друго, освен млеко, ни вода, ни чај. Се препорачува ексклузивно доење до 6 месеци. Доено бебе е нормално да не кака и до 10-14 дена. Ти јади повеќе храна богата со влакна, може да влијае на столицата на бебето. 9.5 е долна граница за хемоглобин на таа возраст. Ако цица бебето, да провериш и ти да не си анемична? И јас овие витамин Ц ги давам ама на маж му ги дале за дете над година. Претходно од baby vital давав, ама тие се за над 6 месеци. Најдобро е да се консултираш со педијатарот.
Здраво јас сум нова мама прв пат Се доиме со помош на брадавици сега за сега, денес се вративме дома и малиот цело време сака да цица има моменти на вознемиреност, искрено и јас сум многу изгубена еве сега заспа во 12 таман малку да поспие ќе се разбуди да цица. Друго ме интеррсира како да го облечам, го повивам бидејчи така спие мирно и во систина ми го повиваа бидејќи се штрекаше, сега ми спие во боди на кратки повиен со пелена инпокриен со пелена и уште една кај нозете не знам дали е океј? Леле ме фаќа мн паник
Зависи во кој дел од државава живееш, битно е и собната температура да се движи околу 22-24степени, јас не сум го повивала моето, ама сметам дека е океј со боди на кратки и повиено со пелена
Доволно му е само повиено, не го туткај дополнително, иначе мене што ми рекоа во болница да го проверувам позади под вратчето најдобар показател било
Живо и здраво да е бебчето мама, да ве радува цел живот. Тоа што бара постојано да цица е бидејќи едно малечко му е желудничето и собира малку млекце, па брзо огладнува и друго не секогаш од глад колку потреба за да те осети блиску до себе. До пред некој ден било во друга средина, сега е во свет полн со стимулација за него и нормално е да сака да е блиску до мама. Почесто слекувај го голо и бебе и себе и гушкајте се така. Секако и татко му. Контактот кожа на кожа многу го смирува бебето, а и се создава посебна врска. За повивањето не знам зошто го повивале во систина. Нормално е да се штрека бебе, тоа не е баш штрекање туку нормални рефлекси шо треба да ги има новороденче. Мислам дека е многу топло времето за дополнителна топлина од повивање да му ставаш. Во однос на облекувањето најдобра ориентација нека ти е како сте вие облечени. На тоа додади еден слој повеќе. Една тетра е веќе еден слој. Можеби и сликиве ќе ти бидат од помош Секогаш е подобро да е помалку отколку повеќе облечено, бидејќи е поопасно да се претопли оти нема развиени потни жлезди за да може да оддава топлина. Нема да настине од ладно. Ќе кива на почетокот колку и да го облекуваш, бидејќи се чисти од плодовата вода и голема е веројатноста да има ладни рачиња и ноџиња, а тоа е бидејќи имаат слаба циркулација на периферијата. Секогаш за топло/ладно ориентирај се по грбче и гради. Пробај да не паничиш, колку и да ти изгледа сега сѐ збунувачки. Полека за ден-два-пет ќе си влезеш во шема. Само опуштено.
Жени мајки кралици прашање : колку време треба да трае еден подој? Например доев активно 30мин и заспа .
Мене акушерка во болница ми рече 15мин една града, да ждригне, па 15 мин друга. Чим активно си влечело 30 минути таман е.
Во просек, повеќето бебиња почнуваат цврсто да го држат главчето на 2-2.5 месеци. Може и порано, може и подоцна. Не сум сигурна, мислам до 4 месеци се толерира, а потоа се оди на консултација со ортопед за вежби. Девојки што сте користеле ланолин. Еден куп маички што допре се упропасти, флеки ми остави и по неколку перења, има начин да ги извадам?