Гледај давај ги витамините од страна на устата, не на средина затоа што им оди директно во грло и се засркнуваат. И малку по малку.
Моево е 4ипол ама еве го неколку дена спие само додека цица по пола саат или во раце дур го држам. Инаку имаше една утринска дремка од саат, пладневна од 2-3 саати и попладне околу саат. Се му се изремети, не знам далк заби го мачат, дали меше го боли, ама се чудам како издржува цел ден.
Бепки се скоро 2 месеци, од пред 1 недела давам по 30/40 мл чајче бекутан и по 10/15 мл вода Јана за бебиња... Вие давате ли? Иначе се 80% на мајчино млеко и плус ад 1 или 2 оброка дневно...
Becutan davav od 1 nedela do 4 meseci potoa pocnav so sokcinja ima 4+ hipp, vodicka od 4 ti pocnav bidejki sme na doenje..
И моево е толку има само две три дремки дневно од по пола сат ретко 1 сат а навечер ми спие па затоа ме интересираше дали и кај некој од вас е така
Не. Не се препорачува ни вода ни чај додека не почнеш со цврста храна. Во млекото има сѐ што им е потребно. А особено по 40мл чај е премногу за толку мало бебе. Моето почна после 7 мес да пие толку вода.
@Mateas Откако еднаш и дадов чај и испаничив, 2 педијатри ми рекоа дека е безбедно и слободно можам да давам по 60 - 70 мл максимум, е сеа не прашав за Бекутан конкретно ама тоа е личен избор. Мене ми беше најмногу во транспортер кога вришти да не ја вадам во возење, ама па ми рекоа дека ќе и помогне и за какање ако има проблем.
Jas im davam cajce od 2 nedeli... Polesno kakaat i do sega nemale grcevi. Na hip ad sme i doenje kolku sto imam mleko
Од кога почнуваат грчевите? Синко немаше, па не знам од кога беа. Досега беба е ок, нема, ама 3 недели е. После месец беа нели?
Па на другарка на бебето и почнаа грчеви од 8ми ден или така нешто, доста бргу по раѓање. Моето воопшто немаше
Втора доза рота и шестваленттна колку можат да се одложат? На 24ти сме закажани ама сега сме со колона, јас со симптоми бебка нема ништо, но знам дека се одлагат вакцините, сакав да знам дали овие можат да се одложат ?
Ние поминавме без реакција. Рота, петтовалентна и детска парализа изгледа беа. Нека ме поправи некоја мајка ако сум грешка.
Рота втора доза мислам дека беше најкасно до 22 недела. После тоа нема да ја прими а петтовалентната можи и покасно.
Дали ви се случило од нормиа да ви какаат потечно? 3 пати какаше течно за 40 мин. од неделата сменив нормиа инаку со биогаја беше ок , сега матичнава ме убеди дека нормиата е подобра... Незнам дали да паничам...инаку на доење е само