Дечки 10 дена бебче од попладне става раце у уста и плаче ко за вицање цица и пак истото? Што е можно да е дури се тресе мн сум вознемирена заспа и сега еве ноќеска пак сп цуцла лажливка заспива
Во историја на болниот мора да се чуваат сите документи се што е направено и испитано. Освен ако не се обидува некој да прикрие нешто....
Цицањето им е рефлекс. Со тој се раѓаат повеќето бебиња. Ако е најадено или блуцнало дај му цуце и ќе си заспие.
И мене ми викаа дека е нормално 10-14 дена, а бебе додека беше на ексклузивно доење си какаше секој ден, не пропушташе. Дури кога почнавме со воведување цврста храна почна да не кака секој ден. Затоа ми е многу чудно ова
На пораѓај знам ми кажаа до 6нед треба редовно да кака имав дури и испринтано каква треба да е каката по боја по недели Ама не сум знаела дека 2 недели е ок да не се испразни. Многу ми изгледа, па ќе се утепа од плачење стомаче ако го боли.
Call your pediatrician if your baby hasn't pooped for more than three days in a row. Formula-fed babies typically go a little longer between bowel movements. Check in with the doctor if she doesn't poop for more than five days as that could be a sign of constipation. Чичко гугл вика друго ова веќе има смисла, 3 дена.
@Indi96 До 10 дена се толерира да не се испразни бебе, по тоа се користат други методи за да му помогнеш на бебе, во консултација со педијатар. Значи не е нормално да не се искака 10 дена, туку се толерира. Прави му вежби како што те советувале членките и остај му време, освен ако не му е тврдо и болно стомачето на допир. Тогаш директно на педијатар. Ако у скоро време сте примиле прва доза на Рота вакцина, можно е да му го има изреметено дигестивниот тракт. Ние денес ќе ја примиме последната и ментално се спремам пак за болни грчеви, плачење на секое прдење и нередовна столица. Последната кога ја примивме на 5 дена какаше ама се среди само од себе после
Здраво мајки. Бебе месец и две недели синоќа заспа во 22 часот а се разбуди во 6 утрово. Досега никогаш нема спиено повеке од 3 часа (кога имаше жолтица и 4 часа) кога ке заспие ноќе па после тоа будење на половина час па затоа не наместив аларм и сум се успала и јас. Дали е нормално на оваа возраст да спие толку и дали и друг пат ако се случи да ја будам ?
Да може да спие, ама сепак е уште многу мало за да е 8 часа без јадење. Уште еден подој измеѓу ако не се разбуди дај му. Ништо страшно сега што сте се наспале убаво двајцата.
Мојата првиот месец си какаше нормално. После од 2 до 4 месеци какаше на 10-12 дена. Какше или со помош на топломерче, вежби или во краен случај чепче. Частевме кога ќе се покака. Педијатарот рече дека е нормално. Откако почнавме со цврста храна не пропушта ден да не се искака по два пати.
Максимум 5ч. ми рече педијатарот да е гладна иако и она ми рече да не ја будам навечер ама моево има аларм Ништо страшно, сте се наспале Јас би ја будела сепак ако не станува , искрено и од дехидратација на топлово ми е страв
Моево е 6 недели и е на АД. До претходната недела спиеше од 20/21 до 5/6 сабајле без будење милина и двете наспани . Од понеделникот пак почна да се буди мин. 2 пати за млеко ама среќа одма презаспива..
Тоа беше констатација од нашиот педијатар. И ние се измачивме со тие столици, де не какаше, де зелени, де крвави.. До 6ти месец додека почнавме со дохрана.
Ако си напредува, пие млеко и кака редовно оставај нека си спие. Прашање на денови е можеби кога ќе ти смени и ќе ти се буди на секое, па ќе ги бараш овие денови назад. Ако ти е за ноќе, после подој од едната града обично какаат, ја пресоблакаш набрзина и ја ставаш на другата града и продолжува да спие. Така правев со првото, ова не ми кака толку често. Во соба со сино светло само, без сијалица. Мачно е, ама боље него да се разбуди. Иначе овде на клиника не ги пресоблакаа кога беа какани одма. До 4 часа ми рекоа може така ако спие. Првото го пресоблакав одма, а ова знае да прдне и да пушти малку, така ако е успан го оставам, немало проблем со кожата до сеа, сепак каката му е само млеко за сеа. Можеби се грчеви. А ако е надоен и сеуште нервозно става рачиња во уста може да значи и дека само му се спие. Кога им се спие а потешко им оди знаат да се нервозни. Пробај само да го понишкаш во раце следен пат и ќе видиш ќе се смири и ќе заспие.
Немој... И цуцлата во мед да ја макнеш е ок за нив. Има толеранција како шо пишаа сите до колку дена ако гледаш дека се мачи прави му вежби или ко шо кажав на педијатар за да си бидеш мирна. Немам лично искуство или совет да ти дадам затоа шо проблем со какање сме немале иако беше на ад.
Бебка качила 800 гр за 3 ипол недели . Следно мерење е точно на месецот, килограм треба да има. Јас пресреќна. Конечно 2 ка пелени ќе купам Само на доење е, ама машала сака да си јаде
Денес бевме на контрола ми рекоа дека го прегреван дома дете само на боди, раце и нозе треба да се ладни ако се топли значи е прегреан… и видтина вчера кога го соблеков се смири.