@GoldenFrida, @Secret.women, @LiquidLuna, @anngelique, мене ми викаа капче да му ставам да не настинел од главата. У август. На 35+ степени
Моите ме замараа со истите работи стандард и еднаш татко ми запна зошто вода не му даваш. Му реков кога ќе си родите трето давајте му и вода и сок и чај и кафе, мене не ми се мешајте. Од тогаш не зуцнаа и двајцата.
Мајки на машки бебина,дали му ги отварате курината? Бебе е 4м до сега му го немам воопшто чепнато,по препорака на педијатар.Не треба да се чепка ми рече.Денес со ќере бев на уролог па ај реков ќе се консултирам,тој ми вели треба да се отвора,али пошто не си чепкала до сега на 6м ќе му го отвориме овде.И сега кого да слушам,некој вака,некој така
За некој ден ќе полниме три месеци. Од втор месец на бањање им ги отварам секако по препорака на педијатар.
Леле и свекрва ми со водава исто сто пати и кажав дека нема потреба во мајчиното млеко има се. Еднаш дојде со мене на педијатар и пак за водата се запна и кога педијатарот и го кажа истото се затна
Шала на страна мене ми настина во август на 35+, дента на шетање по боди, вечерта температура 38. Некогаш и треба да се слушаат постарите
Се согласувам. Мајка ми не исчувала и мене и сестра ми сигурно дека ќе ми даде добронамерен совет. И сеуште и облака на мојата чорапи за надвор кога ја шета. Сите болести доаѓале од ладни стапала
И жалосно но 10 пати по здрави сме биле од денешниве деца. Јас секогаш ја слушам мајка ми кога се работи за бебето, до сега не погрешила. Мене ми е прв пат, неа не.
Не се разболува од ладно. Од вируси и бактерии се разболува. Глава на бебе не се покрива, преку лето посебно ич. Преку глава тие ја регулираат телесната температура. Ладни стапалца се од сеуште не воспоставена терморегулација. Не се настинува ни од тоа.
Точно, но нешто треба да биде тригер за да се активира тој вирус или бактерија. Ладното може итекако да допринесе. Тоа е мое искуство и од тогаш внимавам повеќе. Секој со својот избор секако
Ми потврди педијатар секако, како и да е нема да се објаснувам повеќе секој има право на свое мислење и начин како ќе си го чува бебчето.
Мајка ми исчувала две, на тој некој педијатар/ортопед којзнае колку деца му прошле низ раце, сигурно нема мајка ми да ја слушам иако има најдобри намери. Работите се многу сменети од порано.
Сменето е само што порано не читале по интернет како ние денес. Слушале доктори и израснале здрави дечиња.
Па тогаш докторската пракса била различна, тоа ми е муабетот. Се менуваат препораките, а со тоа и ние и идниве генерации. И баш напротив, интернетот е супер работа за истражување. А за здрави дечиња дека израснале постарите, лоша генерализација. Никој не те нападна за да треба да се објаснуваш, и јас си изнесов став, сите тука си праиме муабет. Слушај си ја ти мајка ти, јас доктори и интернет и тоа е тоа.
Па не би рекла дека е само тоа сменето. И ние ги слушаме докторите, само што имаме повеќе пристап и размена на искуства за слична проблематика. Па ако не е интернетот, за секоја прдешка ќе се ѕвони на педијатар како што сме сите паника за нашите деца