Во бокал ставам одприлика неколку зрна ким, врие, стои така 10-тина мин., цедам и пијам. На поголемиот кога беше на ад му правев на 100ml вода 5 зрнца ким, ги вриев 2 мин., уште 2 мин. седеа во вода и ги вадев. Сега немам време да бројам зрна. На одличен пат си. Конечно да прочитам некој да не го претоплува бебето. Моето е еден месец. Кога беше многу топло само по пелена преку ден, за шетање и навечер по боди на рамбовка. Кога е поладно преку ден по такво боди, а за шетање и навечер боди по кратки ракавчиња и кратки шорцеви. Покривање со тенка тетра само на половината. Прозорот цело време е отворен без разлика на времето.
Исто како кај нас 14 дена, педијатар Палчевска ме советуваше да продолжам така оти два пати го прегреав
Го пијам јас дека е на доење. Ако е на АД ким се прави со водата која го правиш ад-то. Не даваш како чај на бебето.
Ако претходно плачело може да е и од тоа. Вака кај ќерка ми се појавуваа по неколку кога се напињаше со плачење. Сами се губеа за кратко.
Да, од прв ден е во креветче. Првото спиење кога сврзува 2-3 саати исто е во креветче, чудно ми е што не презаспива последниве неколку ноќи
Мајки кои се придобивките од пробиотици и капки за стомаче по дифолт кај сите бебиња? Еве на контроли добивам и јас такви насоки за моето бебе а при тоа нема проблем со стомаче и има редовна столица. Дали превентивно или зошто ги даваат? Не разбирам...
Не се малку зрна ким? Вака чиста вода ќе биде. Јас на интернет прочитав мало кафено лажиче ким на 200мл вода. Па пак како вода беше чајот. Ким овие во кесички зачин, таков ким нели?
Не се малку, не знам колку се отприлика дека во бокал од кесичка ставам дирекно не ги бројам, но се менува бојата како светло зелена доаѓа. Е сега ако заборавам да ги исцедам за 10 мин. многу јако е за пиење, но не ми смета ни така. Да, таков ким, најобичен.
Капки за стомак не знам зошто се даваат ако е ок бебе, нас никој ништо не ни препорачал кога беше мала ама пробиотик е препорачливо за бебиња родени со царски. Бебињата родени по вагинален пат, ги примаат од мајката добрите бактерии за дигестивниот тракт додека тие со царски не. Е сега и тие со царски ќе ги развијат со тек на време ама со давање пробиотик ќе се убрза тој процес. Не дека е морално и тоа. Пример е ќерка ми, која е ридена царски, пробиотик и давав 2 недели и правеше грчеви и ги прекинав по препорака од педијатар.
Мене матична ми кажа пробиотикот за имунитет бил добар. И нормално функционирање на дигестивен тракт. А капките за грчеви се даваат ако има грчеви, моето нема од почеток и немам дадено воопшто, во картонче стоеја само некој Nurse's Harvey мислам така нешто ако е тоа за грчеви..