Ели каква пумпа имаш? Ми ја препорачаа Носко ама нејќам со правосмукалка, многу ми е комплицирано за користење.
Клизачи ви влетав во муабетот. Има во еурофарм се влече со уста на Исомар фирмата. Околу 300 ден беше мислам (сега можда покачено е ) Јас задоволна сум.
Ич не е комплицирано ни језиво, оти влечењето е исто како со уста да влечеш, ама е континуирано и бидејќи трае подолго време, ќе го извлече сиот секрет. Со уста не можеш толку долго да влечеш. Јас бев многу задоволна од Носко кога го користев.
Здраво мајки.. Денес на педијатар поминавме добро. За папочната кила ми кажаа не е неопходно ни појасче туку дека обично сама се повлекува. Е сега имам прашање, бидејќи и кажав на Др дека малата секоја вечер пред спиење ми плаче по пола саат до помодрување дури, и скоро секогаш во исто време,ми рече дека се грчеви,но и да и направиме ехо на мозоче... Зошто и што би можело да покаже? Навечер си спие мирно, преку ден е поактивна ама скоро секогаш така плаче околу 20 часот.. Искуства ве молам?
Добро бе какво ехо? Абе нормали ли се?? Грчеви се, или пак можеби зависно од неделата, може и е период на скок во развој. Внук ми до 9 месеца уста не затвараше, дење ноќе беше тоа се со плачење, па еве го прваче ќе биде сега.. Ццццц, само да не си мирен
Таман работа да одиме сите на ехо за грчеви... Но, за да бидеш мирна направи консултација со друг педијатар.
Дали сте имале искуство со продолжено проливче кај бебе? Беба беше настината, со температура и почна по течно и по често да кака. Прегледана од педијатар и само ни кажа да смениме пробиотик и да пие електролити, но еве веќе 4ти ден нема промена... На ад е, 2 и пол месеци, ништо не сме смениле и до сега се беше во ред. Како можам да и помогнам?
За испитување параметри како серумско железо, фолна, феритин и Б12 од каде им земаат крв на 7-месечни бебиња, од прсте или вена? И како да остане подолго од 2 саати нецицано... најдобро било 10 саати нејадено (невозможно) или минимум 3. Моево после 3 саати веќе може цела да ме изеде, а не па уште да не му давам и плус да го боцкаат
О Од вена им зимаат. Во однос на тоа да биде гладно претходно никој ништо не ни рече. А и невозможно беше. Тогаш бевме 4м толку време без цице немаше шанси.
Уф, којзнае колку ги боли Ако сте ги испитувале истиве параметри, претпоставувам причината била низок хемоглобин, па ме интересира дали нешто значајно на толку мала возраст може да покаже и да требаат некои посебни терапии или сепак се останува на тоа дека додека цицаат ќе им варира и ќе им биде низок? Бидејќи некои ме предомислуваат да не го носам на дополнителни испитувања и боцкањаа, дека низок му е поради цицањето и дека ќе се качи кога ќе може да има повеќе оброци во денот, сега само пробува по едно нешто дневно.
Испитувавме ние и уште некои плус параметри, но од друга причина. Не поради низок хемоглобин. Со низок хемоглобин немам искуство но знам дека може да дадат терапија железо и покрај тоа што сте мали и генерално на цицање.
@prvaB @Kolache na mama Знам дека не е ок за се нешто да не паничат ама кога ќе ти ја стават боцката за едно месечно бебе мора и да си испиташ... Од истава причина сменив 4 педијатри до сега и никој не ми посочи тоа. Денес во систина бевме и ни рекоа да направиме. Закажав за вторник па ќе видиме. Прашањето ми беше на што би можеле да алудираат што ни го предлагаат тоа испитување само заради плач.
Која недела е родена? Нас ни препорачаа зошто се предвремено родени. Уште неам направено ама закажав.
На колку часа ви бараа бебињата мајчино млеко, од шише? @AngelOfArh знам дека и ти молзеше, па ако можеш да споделиш. 15 дена имаме.