Мислам дека 800гр месечно е некој просек. 20 - 25гр на ден. Неделно отприлика 150 - 200гр. Сепак секое бебе е различно.
А по колку мл пиеше на секое давање? За ад пишува на самите паковки. А за мајчиното млеко кога се одмолзуваш не знам по колку треба.
Јас се водев по детето, првите месеци пиеше по 30 до 60мл, сигурно до кај 3 месец пред да влезе пиеше така, од 3 месец почна со 75, па на 2 недели покачување по 15мл. До 6м стигнавме до 150мл мислам и после до годината поише од 180мл не пиеше. Не беше лаком, напредок имаше одличен и така да се водев по него.
Здраво мајки Прво дете и прва температура да бидам реална сум исплашена денес прими трета доза рота и шестовалентна крена температура 38.4 ја искапивме, лепенки за температура, оцет на чорапчиња спадна на 38.1 нејќеше да се напие сируп многу беше поспана, заспа на цице сега следам на секој пола сат спадна на 37.8 веќе три мерења исто, ве молам за некој совет некоја утеха
Пред месец моево качи 39 темп и бевме на дежурен. Бараа корона тест, он нег, јас поз, значи може и он фатил. Насоките беа да цица нон стоп, да го туширам со млака вода и чорапчиња со 70% алкохол ама 30% алкохол со 70% вода. Парацетамол сируп дадов еднаш и ефералган чепчиња претходно му дале на маж ми, ставив 3 пати. Исто бев преплашена. Следниот ден спадна на 38.5 цел ден, па третиот ден полека се нормализира ше. Инаку, лепенките кај бебе не се ставаат на чело туку на местото каде што е боцнато. Ако не спадне, оди на дежурен.
16 дена сме. Од 12 и 30 по полноќ малиот никако да заспие. Дали се грчеви или нешто друго не знам. Важно јас умирам за сон. За грчеви давам колиев уште откако не испуштија од болница. Друго што давате вие?
Не спие и плаче, или само не спие? За грчеви јас давав се', Колипрев, Нурс Харви, пробиотик, пробав и еспумисан... мислам дека можам да кажам после 2ипол месеци се намалија доста, конкретно Колипревот доста помогна. Пробај со термофорче малку или раката твоја држи ја на меше. За навечер само рутина, јас од почеток ја воспоставив и така тераме, 7-8 бањање, цицање/АД и кревет.
Откако ќе го надоиш. Ако не заспива. Иако сум голем противник на цуцли, дај му цуцла може сам ќе се успие. После тргни му ја. Мојата некогаш вака не спие а гледам и се спие ќе и ја дадам цуцлата и заспива.
Mojot samo so cucla ili raka vo usta isto kako na eho vo stomak pa dojtorkata mi reche obavezno cucla oti od raka do 36 godini nema da go odviknam