1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    текстов и мене ме насмеа :D
    И јас имав претходно искуство со мали деца , бебиња ама не исто кога е твое !
    Детето менува многу во животот.. до пред некое време само за себе си се грижел и си правел како ти сакаш , а од кога ке се роди бебето се менува цел биоритам. Со станување навечер , па цел ден обврски околу детето ... менување пелени ,хранење ..
    ама тоа мало човече зависно е од тебе ..
    Јас по цел ден трчкам, си играм со малото , се упиваме ...некоаш се осеќам претепано
    ама па се вреди коа ке го видам детето насмеано ... вреди за сета мака :inlove:
     
    На marchi-cool, pianogirl, TheQueenE и 4 други им се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Macence, да те корегирам мооорам одма. Не е тоа мака, туку слаааатко задоволство!!! :*
     
    На TheQueenE, blessed2, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Мачкам после бањање , а денес патронажната ми кажа по два пати на ден да ставам и дека ќе помине за некој ден ова перутење.
    Абе многу се комплицирани ова бебињата, забележав и кај дундето, кај усничките како и се насобрало многу бело, па ми покажа патронажната и тоа со камилица како да го чистам. Газето ни се спурило целото ни е црвенко, па ајде за таму од дм имам едно кремче со камилица и цинк, на babylove, па ми кажа тоа да го ставам. :emo:
    Сложени се сложенииииии :doh:
     
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    meu и Ана имаше такво бело кај дундето ама нас во болница ни го исчистија и сега нема веќе..
    Јас газето и го мијам преку ден, прво ќе оставам да се стопли убаво собата да биде ептен топло како кога ја бањам, па послем ја соблекувам да се размрда , ја покривам и ја оставам така 5-10 мин и послем ја мијам со сапунче и водичка само на газето, или кога немаме време , кога и се брза за јадење со памукче и водичка го чистиме..
    Инаку и на нас ни се лупи кожичката и ние мачкаме Бекутан-со рибино масло, или послем бањање или некогаш од сабајле зависи кога како.. како и да е се ова е нормално до 40 дена бебето се чисти .. :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас не сум го измила уште газето преку ден, но дефинитивно ќе почнам, вака не бива. До сега секое преповивање со камилица ја премивав, ама ете нема баш некој ефект изгледа, но и покрај тоа ќе продолжам со камилицата.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Камилицата мора секогаш да биде тазе спремна иначе не чини, така братучетка ми се нафрла еднаш од камилица во тегла што си ја имаше ставено да си го чисти лицето. Иначе тоа на дундињата е нормално, до крај на 2 месец веќе нема да имаат ништо, тоа се инфекции на некој начин од кои се чисти уште од периодот кога била во мешето, имаше и внука ми, ништо страшно. А за газињата, Мустела имаат преубава цинкова крема и не е воопшто скапа, 200 денари а е прилично голема, и мислам дека е одлична, можеби најдобриот производ на Мустела.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    MeU, дали ставаш крем на газето после секое менување пелена? Било каков, витамински крем. Не мораш со камилица, може да ја миеш и со чиста, топла вода. Убаво ја сушиш, со тапкање, и после убаво ќе ја измачкаш со витамински крем. А за црвенилото - кремот со цинк оксид на Бекутан - мислам дека нема подобар од него, барем моето искуство покажува дека е најдобар. А ако имате упорен пеленски осип (nappy rash), тогаш само Еуцерин Омега 12% (или така нешто беше) помага, барем така сите мајки и дерматолози кажуваат.
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    меу кај мене керка ми имаше многу брз метаболизам и во текот на денот се случуваше и по 6-7 пати да кака и кожата на газето почна да и се зацрвенува дури и се излупи кожата и имаше како точки со крв толку што и беше разрането ја однесив на педијатар ми кажа педијатарот демек да ставам тетрапелени и гола да ја оставам да се исуши ама не биваше и така и на крај спасот го најдов од оригинална павовичева ке намачкаш многу значи подебел слој и одозгора бекутан пудра па за некое чудо и помина од тоа а да да не заборавам и кантарион со памукче ја премачкував пробај можеби ке помогне и кај вас
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Камилицата ми е редовно спремена тазе. Прееска патронажната ми кажа дека една камилица може да ја користам цел ден, но не и утре дента.
    Има убави брунчиња, мене мислам дека ме боли, а она сирота не се жали :?:
    Засега два пати и ставив од ова кремчето со цинк, утре сме на контрола, па ќе видиме што ќе ни кажат и таму. Се мислам и зејтинче да и ставам, како мене мајка ми што ми има ставано.
    Се надевам ќе биде подобра. Сега ја бањав и пак на крај со камилица ја измив, како што ми кажаа.
    Павловичева ставам, од она розевата и тоа убав слој, не штедам воопшто на неа.
     
  10. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Ако кај газето не помага јекодерм или павловичева,пробајте со брашно!исто ко пудра е,само без парфеми и други хемикалии.или глина во прав,ја имам дома си ја пијам,не сум ја пробала за дете ама знам дека може.
    За лупењето,тоа само ќе си се излупи,не му е потребно никаков крем,освен ако му се направат пликови,што е малце веројатно.Моево скоро 14 месеци е,минатата недела за прв пат му го намачкав телото со крема,не за друго мерак ми беше на бекутан да мириса :inlove: кожата сама си се мрси и ако цело време ги мачкаме ќе ги навикнеме така,па ако заборавиме некое време ќе почне да се суши.сега во ѕима крем за лице ќе му ставам.а газето со павловичева од време на време,кога беше мал мајка ми запна,иначе ни со тоа немаше да го мачкам. Бабицата ми рече да не земам крема со цинк,а ја имам таа од babylove за мене си ја користам :$
    За тоа со срамните усни,повеќето другарки имаат девојчиња и стварно имаат повеќе проблеми од машките,повеќе место има за бактерии и често им се прави така бело.со некоја маст го средуваа тоа,или со мајчино млеко.на една другарка бебушката дури и зарасна таму доле кога беше многу мала,од памет се извади,не знаев дека е можно тоа,ама не беше потребна интервенција,само со крема се среди.
    Уживајте додека се мали, колку брзо поминува времето,за некој месец ќе ви летаат низ куќа ќе видите :$
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    меу земи од оригиналната павличева 150 денари беше мислам
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Газето кај нас кога е црвено ја мачкам со бекутан цинк и поминува ..
    А и во право е Марина моево веке нејке да лежи , сака да седи :lol: а ми е страв не е доволно стабилна и паѓа , па мора до неа да сум :lol:
    Во релаксатор нејке да седи , се тегне да стане ...еднаш не ја врзав и се преврте на напред со главата :|
    Активно дете уште од мало ... а тек коа ке прооди
    :rofl: :rofl:
    Него на мисла сум за дубаче :?: дали да земам дали не ...
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мамички за црвено газе(па дури и со ранички) најдобар лек е кантарионово масло и тоа сеедно дали купечко или домашно.Мојава малечка минатиот месец кога имаше проливче ,газето и беше жар црвено ,па дури и како ранички и се направија и вечерта ја намачкав,сабајлето скоро и да немаше ништо.Исто така и Јекодермот многу помага.
     
    На Pocahontas9, girl1985 и meU им се допаѓа ова.
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    маченце ена педијатарот и ортопедот нема да ти препорачаат дубанче во никој случај
    керка ми беше многу плачлива и немирно бебе а помош немав од никој никаква а па дури ни од маж ми пошто работеше по работи пример 1смена на една фирма 2 во друга фирма а за 3 си идеше да јаде и спие така да и од него немав никаква помош и керка ми морав уште на 4,5 месеци да ја ставам во дубанче додуша нозете уште не и ни стигаа до земјата ама си седеше и и беше интересно а после на8,5 месеци си преоди
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.170
    Пол:
    Женски
    Ќе ме примите и мене во муабетиве? Не за друго малку сме поголеми од 6 месеци :)
    Барам совет и искуство од вас. Ќерка ми има скоро една година но од кога ќе заспие навечер многу често се буди. Ова се случува од кога е родена, не се работи за период, за растење заби и слично. Ај што се буди не е така голем проблем но не презаспива ама баш никако освен ако не цицне бар 2-3 пати.
    Мене ми преставува ова проблем бидејќи морам секогаш да сум на штрек и спремна за повик :lol: Она обожава да седи кај моите на гости но не можам да ја оставам и да излезам бидејќи ќе почне да плаче и освен да ја разбудат нема друга алтернатива.
    Не е дека не сум упорна со нишкање, пеење, цуцла лажливка и шише не се опција воопшто! За гладна не е гладна, и се случува да вечера, да се нацица и после саат време пак да кемка за да цицне пак.
    Може јас изведувам ама мислам дека не е ок ова? :?:
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира кога ги легнувате навечер вашите бебиња.
    Веќе имам пишувано дека имав проблем со ќерка ми, не спиеше до 3 год., ама еве сега и бебето нешто ми менува. :(
    Порано заспиваше околу 22-23ч.и се будеше за цицање околу 3-4 ч. за цицање, а последнава недела откако ќе го успијам пак околу 23ч. ќе поспие половина час и после се буди и заспива 1-2ч после полноќ и ич не спие убаво, се буди на саат или на два за цицање....ме изнамачи овие неколку дена.
    Што да правам? Како да му го вратам назад спиењето?.... се изморив од тоа цело време да го успивам по 2-3 саати.
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    мене освен цуцла лажалка друго не ми текнува стави и нешто благичко на цуцлата белки ке се залаже по неа или ако фака шише давај чајче или вода
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Исто и мојава од пред три недели почна да го прави,не дека пред тоа спиеше по цела вечер,но се будеше по 2 пати,ќе се нацицаше и ќе заспиеше.Сега се буди по 6-7 пати ,ќе цицне еднаш-два пати,ќе заспие и за пола саат најмногу пак се буди.Е сега она преку ден ќе си надокнади ,ама јас не можам ,па шетам како зомби.Јас се надевам дека е некоја привремена промена (барем за мојава) и дека набрзо ќе се смени :xЈас се мислам дека има врска тоа што и давам само навечер пред спиење да цица,па сега ми враќа :worried:
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.170
    Пол:
    Женски
    Ма јас и давам и во текот на денот да цица, иако мислам дека веќе ова млеко е повеќе да си поигра отколку да се најаде. Јас дури и се навикнав на малтретирањево :lol: ама ќе мора еднаш да престане 8)
    Изглеа кога ќе тргне у школо :rofl:
    Ова и ме одвраќа од идејата да го завршиме доењето, пошто не знам што ќе правиме во текот на ноќта :worried:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    lolyta777 Леле :( може му е период да се буди така ..Ако се буди дај му цуцле може ке си се успие така пак ;)
    Јас моето дете го легнувам најкасно 7ипол 8 , се буди зависно дали кај 01ч дали кај 03ч за млеко
    пробувам да и дадам цуцла , ама некоаш продолжува да плаче си бара млеко !
    Пред спиење во креветче си пие млеко и после и давам цуцлето и си се врти на страна си заспива ! Од коа ке испие млекцето слободно си искачам од соба :)
    Инаку на нас многу ни се наоѓа цуцлето :)