Кај мене тоа педијатар ми го има кажано,не на своја глава го имам мачкано моето,еве прв пат од вас слушам за тоа,инаку јас си го мачкав со домашен рецепт маст и ракија така го мачка мајка ми него подолго време,и сега педијаторот ме советуваше никако свинска маст и ракија демек се затварале порите и да го мачкам мукоплант ,тоа кога беше 10 месеци моето лигленце,сега сум кај друг лекар па не сум ја прашала во врска со тоа што и како,фала ви многу на советите ќе ја отсранам од употреба сега за сега зошто имаме 16 месеци значи сме премали за неа ,а тој демек може од раѓање со неа да се мачка
Јас на следниов начин и го одзатнував носето на ќерка ми - пред бањање во купатило пуштав да тече топла вода околку 5 мин. и после ја внесував ќерка ми во затоплено и полно со пареа купатило и ја бањав. Додека ја бањав и го чистев носето цело време, а тоа пак од пареата течеше како чешма. После облекување и во кревет. И нормално спиеше без проблем, со одзатнато носе. А мукоплант маст за бебе не се препорачува. Ем што е кожата многу нежна па може да се исфрли од еукалиптусот/ментолот, ем како што пиша енџел дека се таложат како кристали. Побувајте само природно и без никакви спрејови и капки.
ајде и јас на рапорт.. веќе подолго време гледам дека детенцево нешто го мачи.. се решив и отидов на детска клиника кај пријателка на мајками.. ја прегледаа убаво и ми кажаа дека има вродена мана која што до 18 месеци или евентуално 5 години ќе се изгуби.. значи ќерками има Стридор.. Некое време ја приметувам дека не може убаво да земе воздух и не може да јаде како што треба .. затнатото носе дополнително и ја отежнува работата ама тоа е тоа.. некогаш најнормално си диши и си јаде а некогаш не .. прво се изнаплакав асално цела вечер а после сватив дека јас сум и најголема подршка.. со оглед на тоа дека имам само 19 години секако дека ми е страв и една гребнатинка да има.. ама тоа е тоа јас се надевам само дека што побргу ќе се повлече стридорот и нема да имаме проблеми..бидејќи ми се плаче кога ја гледам како се мачи.. и затоа топлата водичка и помага.. и затоа секогаш сака топло млеко зошто ладното уште повеќе ја иритира.. навистина се надевам дека се ќе биде во ред и нема да има потребаа од хируршка интервенција... деновиве нема да ве дружам толку зошто сум цело време до нејзе.. навистина ми е страв да не и се случи нешто .. ама ве поздравувам сите ... бацки и гушки од нас едит: дополнително се исплашив вчера .. излегов до надвор ми го донесоа кенгурот што го порачав и излегов да го земам и да платам .. бев сама.. она се разбудила и се исплашила најверојатно од нешто .. не знам што точно и беше ама многу плачеше во моментот кога влегов она се гушеше целата беше помодрена... што ако закаснев ако се задржев .. никогаш немаше да си простам а и ова никогаш нема да го заборавам. на моменти си помислувам каква мајка сум јас :'(
Прво, Уник кога прочитав срцето ми се расцепи, па тоа мало злато кое на сите слики се смее ли? Ама како што кажа, ти мора да бидеш силна и да и помагаш, да гледаш што и годи за да и помагаш. Штом и помага топла водичка и млекце, секогаш на ќумбето, ако се греете на дрва, да имаш тенџере со вода, или на парно, исто некое пластично со водичка, ама постојано да си испарува за да го навлажнува воздухот. Штом докторката ти кажала дека најкасно до 5тата година ќе се изгуби, немој да се вознемируваш. И немој многу да се потресуваш од она што го пишува на интернер, таму има дијагнози од најтешки до најлесни, твоето дете не мора да значи дека се совпаѓа со тие случаи, башка што докторката ти рекла, ти објаснила. Биди си постјано во контакт со неа, прати си го и детето и немој многу да се потресуваш, нејзе сега си и најбитна, не дозволувај да те види дека се плашиш ти, она тогаш уште повеќе ќе се плаши. Иако си млада, не значи дека не си добра мајка, ти си одбрала да и се посветиш максимално, а тоа е за почит кај секоја мајка, затоа што многу девојчиња на 19 попрво би одбрале дискотека и лагоден живот отколку да родат. Во врска со топлата бања, кога сме биле мали, и кога мајка ми била мала, најдобра инхалација била парна бања, така ја викаат старите, значи затвараш купатило, убаво го загреваш и пушташ во кадата врела вода, нека се истече убаво да се создаде ама баш убаво пареа. Во кадичката во која ќе се бања, покај водата на температура на која ги бањате, ставате и шака сол, а врелата вода настрана нека си продолжи да си тече. Детенцето прво голичко неколку минутки ќе го држите во бања, дури после избањајте го и веднаш да се облече, да не се дозволи порите нагло да се затворат од ладното. Ова сосем случајно го видов на филм и се сетив дека имам слушано од мајка ми, и имам и присуствувано, братучед ми еднаш болен така го средија преку ноќ, детето се разбуди како ново.
Прво не ми беше јасно што точно е Стридор, но се информирав и колку што гледам мајките чии деца имале ваков проблем кажуваат дека проаѓа сето ова без никакви последици. Уник немој да се замараш и дополнително да си ствараш нервози. Биди си до малата, чувај си ја .. неа и треба смирена мајка, барем пред неа мора да си смирена. Понекогаш не е лесно да се изведе , но мораме. И мојата крчи, се дави, се закашлува... кога плаче, односно кога вришти како што она знае, обавезно се засркнува и се дави, затоа не ја оставам да плаче, ја гушкам , нишкам , правам се само да ќути иако некогаш ми е навистина мачно. Но, по мака ми е да ја гладам како се дави. Исто и кога цица , немаме доење кое поминало без да се засркне, на почеток се стресував цела, но сега ја слушам како дише, како влече и внимавам многу, зошто зајдува. За давење редовно се дави, мислиш во секој момент или ќе се исповрати или ќе се удави, тогаш ја кревам да биде исправена ,полесно и е. Незнам дали се ова симптоми за Стридор, но некако убедена сум дека ќе пројде ова фаза ,па искено не се потресувам многу. Се додека за некои проблеми има решение мислам дека не треба дополнително да си задаваме проблеми. Ова планирам да го изведам деновиве, но што кога се нема када, туку туш кабина
Не е битно, пушти да тече вода во легенче, кадата не е толку битна, битно е испарувањето од врелата вода. Значи наполни и на цуцата кадичка со потопла водичка и солче и пушти да тече вода во легенче и ќе си испарува, таман и водата во нејзната кадичка ќе се подолади и може да ја бањаш. Само наоружај се со многу енергија и играчки во купатило, спреми се за глупирање дека дете ко дете ќе се уплаши од пареата, а таа е најбитна за оваа инхалација. Да бидам искрена и јас ден денес си правам ваква пареа пред бањање, ми годи дека има синуси и за чистење на лицето после ми е полесно.
Го правев истото со кадата , овлажнував воздух дома , ставав аква марис , 3цапедијатри ме убедуваа дека детето е ок и дека јас претерувам , однесов брис кога почна даи солзи окцето и излезе стафилокока сега сме на капки картко да си ја раскажам мојата приказна со носето на ќерка ми
господ здравје да ви даде за ова со пареата.. направив многууу пареа во купатилото е сега бидејќи немаме када и ја однесов нејзината кадичка, ја земав во раце така гола и ја нагрнав само банјарката и ја држев мм ја занимаваше и пеевме .. лудувавме ставив и сол во водата во нејзината кадичка , и ја бањав доста долго . .цело време се кикотеше и уживаше.. е сега плачеше кога ја извадив од вода зошто сакаше уште.. ја облеков , се најаде и еве сега мирно си спие од 4сатот поубаво диши и носето не и е толку затнато
Ако децата кога плачат заоѓаат како мојот мангуп и модреат, земете ги во рака и полека дувнете им во лиценцето, помага, одма земаат воздух. Мојов кога ќе се налути, одма ќе му ја викне и заоѓа, ааааааа и го нема од памет да се извадиш....прво го тресев и се враќаше назад, па една другарка ми каѓа за дувањето и сега само што ќе направи аааа јас дувам и тој престанува со заоѓање. Добра финта
Мене ова никој не ми го кажа јас мислам сама си го измислив кога малиов е нервозен и почнува хистерично да плаче јас исто така му подувнувам и после од плачки преминуваме на смеење и така се смирува и продолжуваме да си играме .
мамички да ве прашам нешто тие што се породивте во државна. Кога се породивте бебето одма ли ви го даваат (прашувам и во случаеви на царски рез со локална анастезија) и додека сте во болница дали бебето е до вас или ги чуваат во друга просторија??? Јас многу сакам бебето никако да не го оделуваат од мене, незнам што ми се случува, ама мислам дека нема да давам никој да го допре, не давам ни за стомакот да ме допираат, и неможам да замислам да се роди бебето а да не е до мене неколку дена ами така ке ме удари инфаркт
Јас се породив со царски со спинална анестезија, бебето го видов одма, следниот пат го видов после 15 саати, бебињата се во др просторија и на почетокот ми го носеа само да го видам, не бев способна да се движам , едвај само за до вц, а и немав одма млеко за да го дојам. Само претпоследниот ден беше повеќе со мене. Како и да е, повеќе беше таму во таа просторија за бебиња отколку со мене.
Кај нас тука во Струмица ако си го побараш ќе е до тебе,јас бев породена во 5и 10 со царски рез во 10 и нешто ми го донесоа по моја желба да си биде до мене иако малце е тешко зошто не можеш да се обраќаш те боли резот,а тој плачеше до мене ,али сепак се привикнував па си го ставив до мене да си го гушкам и така не можев од возбуда да спијам па си го гледав цело време
Сењорита, прашуваше како е за бебињата. За во државна незнам, но во Чаир, само што не симнаа на одделение, веднаш ни ги донесоа бебињата и постојано беа со нас. Ги зимаа за бањање, за промена на пелена, и доколку има потреба да ги нахранат(ако сеуште немаш млеко), инаку постојано до мајката беа. Првите 2-3дена може тоа да е напорно, ако си царски, но бебе е до тебе и знаеш дека мора нешто да направиш за него. Нас ни ги зимаа доколку побаравме, а исто и за преку ноќ. Јас мачето преку ноќ го праќав кај сестрите, накај 03ч за да не седи ваму гладна, а и јас да одморам... последната вечер веќе барав да е со мене за да се навикнеме, а и јас бев подобра.
мене ќерками ми ја донесоа после 24 саати .. ќе ми ја донесеа одма ама немаше место доле на оделение па бевме горе кај тие што се царски.. инаку откако ја донесоа цело време беше до мене..ја земаа само денот кога не пуштија на преглед и толку.. инаку природно се породив на Гак.
Мамички како да распознаа шлајм во столицата??? Имам видено растеглив, баш шлајм. Но, сега столицата беше окако лигава, а не растеглива. Па ми е измеѓу шлајм и пролив. Додуша она течно си кака постојано, па затоа незнам што е точно???
Кај мојот не беа така зелени ама растеглива столицата течна како вообичано ако е само на мајчино млекце ама растегливи парчиња низ него
Се надевам дека се шлајмовите. Вчера правевме инхалација, со инхалатор. Мислев дека ќе се плаши од што бучи и од пареата, ама не, интересно и беше и сакаше да ја изеде пареата, ја бркаше со јазичето(блесаво дете ). Кога заврши , почна да плаче, уште сакаше Се надевам дека имало ефект.