Прво пробај да не се плашиш. Знам дека не оди лесно, ама температурата е добра работа иако во моментот не ти изгледа така. Тоа значи дека во телото постои процес, температурата се покачува со што во организмот се создаваат леукоцити кои се потребни за да одговорат на тој процес односно да се борат со него. Затоа до 38.5 не се смета за висока тт и не се препорачува да се даваат лекови за неа. Телото мора да научи само да се бори, и за да не мора подоцна да стане зависно од лекови за да се справи со одредени вируси или бактерии кои ќе го имаат нападнато. Способноста телото да развие висока температура само укажува на силен организам. Колку е тт повисока толку побрзо е дејствувањето на леукоцитите во уништувањето на микробите. Исто така на пример на тт над 39 вирусите повеќе не можат да се размножуваат. И има уште еден куп позитивни работи за покачувањето на телесната температура. Не знам дали знаеш, оцетот треба да е исклучиво вински и разреден 50:50 со вода и се става само на многу висока тт, оти иначе постои шанса нагло или многу повеќе од што треба да ја симне. Се надевам денеска сте подобри, не се грижи, се е тоа нормално и се ќе биде во ред.
Мајки,дали има некоја совет за успивање? Бебето ми има точно три месеци,и последноте 10-15 дена,преку ден спие по два три пати околу 20до30мин а навечер спие до сабајле, секако се буди за цицање на 3часа,но кога ја успивам ноќе плаче знае дека треба да спие,околу 20:00 ја бањам,облекувам потоа и го гасам светлото цица и кога ке заврши сака да стане и така час,час ипол и после се успива ама мн тешко ,дали некој има совет? Бидејќи сакам да има рутина и да не плаче бидејќи ке спие,некои ми велат дека треба време додека се навикне дека потоа сама ке бара?:/
Dali e normalno koga e na mese da preferira samo edna strana? On lezi i se vrti i na dvete ama 90% od vremeto koga e na mese e na desna strana. Koga e na grbce nema problem. Odnesen e na ortoped nema problemi, no pocnuvam da se grizam .
Да,скоро сите бебиња си имаат омилена страна. Моево сега за сега се врти само на десно. Иста ми беше и големата, за неа истото се прашував.
Постои нешто што се вика скок во развој, ама многу е важно да знаеш дека бебињата не се роботи па да се движат по строго зацртана шема, ќе менуваат, ќе воспоставуваат нови навики, ќе плачат (тоа и им е работа), ќе се смеат, растот е сосема нормална и очекувана работа за малите. На 3м конкретно веќе не спијат цело време, почнуваат се поголеми интервали да имаат за будност. Следи бебе, смени нешто, звук, светло, песничка некоја, музика, можеби дури и поза за спиење.
Друштво, нистатин капки за јазиче како ги користите му капнувате на јазикот дирекно или со газа го премачкување?
Ставаш околу прст стерилна газа и на неа капнуваш 10тина капки. И така чистиш уста и јазиче,ќе се гади можеби ама убаво е колку може подлабоко да се исчисти. Моево до 3 месеци два три пати неделно чистев, па кога ќе почнеше да плаче отвараше широко уста и успевав баш цело јазиче да го исчистам
Пробај кога е на меше да бидиш ти на страната на која не се врти, ама ако кога е на грб се врти на двете страни нема зошто да се грижиш
Мајки, бебе е старо неколку дена. Од раѓање и во двете очиња го има тоа на прикачената слика.. Има ли некоја од Вас со такво искуство ? Дали ќе се повлече со тек на време ?
Ја поминавме ноќта без лекарства, темп. се движеше 37.4 - 37.8 денес нема темп само ми е по поспана од вообичаено јас веќе се смирив иначе за оцетот не знаев дека треба разреден но само еднаш ги наводенав чорапчињата кога спадна до 37 ги извадивме, денес си ја чувам само по памперс а за спиење со тетра покривам а за паниката се осеќав виновна зошто крена цел ден врнеше и беше ладно а притушно и ја облеков малце повеќе по тренерчиња па и отидовме на гости ама не мислев дека ќе биде нешто првите две вакцини без никаква реакција, памет за друг пат и се надевам ќе реагирам посмирено
Да, моето имаше. Тоа се испукани капилари од напонот што го давало бебето за време на пораѓајот. Ништо страшно. Моето имаше многу повеќе до 1м некаде исчезна скроз.
Нас заради кандида ни рекоја три пати по пет капки на лажиче, два пати давав така и еднаш на стерилна газа убаво чистиш во устата, јас практикував на сабајле да исчистам зошто тогаш расположението ни е на high
Бебка моја качила околу 1200 грама за еден месец и тоа само со доење е. Почна да личи на бебе , има образи веќе, облеката и е тамам. Мама пресреќна . И конечно користиме 2 ка памперс пелени.
Истата фирма. Мислам дека треба омега да се зема и до 3 месеци, мене барем така ми кажаа во болница. А сега сигурно треба омега да земете чим не сте земале до сега, има на истата фирма Д3 плус омега.