И јас се молзам, 2 месеци имаме. Зависи колку ќе испијат ама обично на околу 2 часа бараат (така беше и на почетокот, со тоа што сега пијат поголема количина) со исклучок во текот на ноќта, знаат да врзат и по 4 саати без да пијат млеко.
Јас никакви вежби не му правев, ортопед рече оставај сам да вежба и да мрда нема потреба од друго. Колковите на прва контрола супер. А исто и масажи не сум правела. Бебе на меше од прв ден.
Бебево моe 2 дена не може да кака напори дава плаче ама не може да се искака, што може да и дадам за да се олесни? Го прашав педијатарот ми кажа може и 7 дена да не кака, кога сака тогаш не е ништо страшно, ама мене ми е жал што плаче и се напира.
Чувај го на релаксатор неколку пати на ден по 10тина-15 минути. Вибрациите многу поволно делуваат на цревата.
Повозете го во кола. Мојата а седне во кола, одма кака, да се чудиш... и сеа со маж на секое излегување носиме по 3 пакувања марамици, 5 подлоги, и само чекаме да замириса. Во еден месец, дома 1 ми се има искакано само.
@TeddyGrey ја пак. Капките ги даваш пред или после цицање? Во аптека ми рекоа после, ама па тој скоро после секое цицање заспива па шубе ми е да му давам заспан.. Прави разлика кога да ги давам?
Ај да прашам. За отворање на курето. Педијатар ништо ми нема спомнато, а бебе има 18 дена. Од кога се отвора? Мене ми е страв некако.
Истото го прашував пред некој ден во темава,на таа возраст педијатарот ми рече воопшто да не му го чепкам курето а сега има 4++ месеци.Прашав сега брзо уролог ми рече треба да се подотвора ако не на 6м на уролог го отварале.Е сега некни бев на педијатар и прашав пак,и пак ми рече не треба да се чепка и таа му го отвори и целосно му се отвори,ми рече супер е немој да му го чепкаш продолжи како до сега.Е сега секој со своето искуство и сите педијатри различни совети даваат.Јас и реков дека ми е страв да не му се залепи,таа ми рече еве супер е целосно си е отворено ако го отвораш може само некоја инфекцика да се закачи,па ќе ја послушам
Почнавме трета недела. Од вчера го фаќаат периоди кога не сака да спие, а да не сум до него. Вчера беше навечер, бараше да е на цице скор 2 ипол саата. Не цицаше, ќе повлечеше една минута и се успиваше. А станам од него за неполна минута вриштење и ајде пак на цице, кратко и пак успивање. Еве сега пак го фати тоа. Нормално е за оваа недела?
Скоро месец дена имаме. Дали е до стомачето грчеви ли се или јазикот што и е бел. Некогаш сака да јаде а кога и давам ме гура нервозно мрда со раце нозе испушта нервозни звуци додека цица и одма почнува со плачење,вриштење. Ја земам во раце да ја смирам. Не знам што може да е тоа што ја мачи. Некоја со слично искуство. Кога почнуваат тие скокови во развој што ги спомнувате?
Мајки на најмали бебуши, едно прашање. Каква боја на очиња ви имаат бебињата. Мојата има сино/сиви па љубопитна сум дали и колку ќе сменат
Ооо мојата шо убави очиња имаше до втори месец. Темно плави абееее се заљубив во очите. После 3ти месец и се сменија, сега има црни
Скоро сите се раѓаат со такви очиња. Ама ќе сменат. И моето има темно плави накај сивкасти моментално