По колку ви спијат навечер бебињата? Ние сме 20 дена и само по два и пол часа сврзува. Но најинтересно е откако ќе испие млеко во 04 часот ноќеска, потоа само еден час спие и почнувам со нишање, шшш и така натаму... Полудев. Умерена сум за спиење.
Исто беше и кај нас во 4 часот стануваше и нема заспивање пак мислев никогаш нема да се наспијам. Сега сме 8 недели и почнувам да гледам разлика во спиењето еднаш во 4 за цицање и после во 7 си се будиме.
Јас до 5 сабајле без спиење(значи воопшто не легнав), потоа заспа до 7:15 и еве сега пак не спие се нишкаме без ефект. А јас умирам за спиење.
И моето така прави, посебно поручек. Млеко имам си тече цело време. Јас се си мислам дека не е гладен туку само сака да цуцка и се нервира дека му тече млеко. Уште не сум пробала цуцла да му дадам, некако ми е страв да не се одбие од цицање. Инаку за некој ден прави 1 месец
Дечки мн ми е страв си правам филмови дека има температура мерам со топломер под рака дава 37.0. Бебе 20 дена старо. Дали е нормално? Како да мерам температура? Цела ноќ беше кинкав дури сега заспа и бараше вело време да јаде не знам што да правам дали д сго носам во систина
Тоа е нормална температура за бебе. Моите постојано имаат 36.8-37.1. Температура можеш под раче, во газе, бесконтактно. Мислам дека до 37.5 не се смета за покачена температура.
Види како ќе биде денес. Топло ли ти е дома? Уште немаат развиено систем за терморегулација, може ако е жешко дома од тоа да има 37 со нешто. Кога и кажав на докторката дека дома ми е 27/28 ќе ме утепаше. Пази и да не го преладиш со клима директна во него. Да не е облечено многу? Само по тенко боденце по кратки треба да биде.
Вакцината што се прима во втор месец кога се прима? Дали може во текот на целиот месец или струкно која во недела е бебето?
И давам јас цуцла, ама во тие моменти не ја сака ни цуцлата. Нервозна е. Некогаш мислам не е доспана и затоа така прави. Еве вчера ми го направи тоа па заспа и јас ајде гладна да не е се измолзав и дадов испи околу 70мл. И пак заспа. После кога стана си цицаше нормално од мене. Сега пак така ми направи и сега спие, да видам кога ќе стане дали ќе цица нормално. Значи тоа се моменти, ама не знам искрено што е тоа што ја мачи.
Никако Дури му протекол носот он веќе бил со бебе ,вирусот го има, се е џабе Ќерка ми одма фаќа од синко. Сега не иде во градинка ама кога ќе почне , коски ми се тресат. И корона фати од брат и на неполни 2 месеца Еве го сега пак е затнат како да ги изолирам кога сме сами цел ден…
3та недела тераме, последните денови испушта некои звуци како стар човек. Се љути, ‘ржи, се накашлува демек, не знам ни ја што е. Да не треба нешто да и чистам нос и сл. нема ништо во него, ама ко ќе почне со звуците како локомотива е. Нормално е? Искуства?
Нормално е ,моето така правеше на почетокот, најчесто во спиење. Се напрегаше како да кака ржеше, хрчеше ни ја не знам да објаснам. Мислев прво запек ама после прогуглав, гледав некој видеа, прашав и педијатар ,нормален дел од развојот на детето.