И мојава иста е крчи со некои чудни звуци. Прави месец за 2 дена. Почна вака да ми се понаша минатата недела и баш бевме на контрола и и кажувам на докторкава абе нешто ко да кашла, хрчи, крчи незнам ни јас што и како да објаснам Ја слушаше ја гледаше вика супер си е, се тоа е нормално Него друго јас да допрашам веќе ко сум тука Движењата какви им се? Знам дека уште неконтролирано се движат, ама мојава нема нема па од еднаш ќе се затресе или па само едно раче или ноџе ќе затресе (и за ова де ми рече д-р дека било нормално) ама јас од прво дете стварно беше од дамна ама не памтам. Друго, со очите ми е некако не координорана што би се рекло китка-матка, а дури на моменти за инает баш кога е во мене знае да ми ги спои двете очиња кон носето мислам ко за инат
Све исто од А-Ш. Нозете ги затресува како кокошка после колење. И се штрекнува цело време, јас дека не ја повивам… пробав првите денови ама неуспешно вадеше раце одма А за очите читав дека е нормално да им се вкрстуваат и мене ме загрижи првите денови. Сега дека гледаат само на растојание од 10-20цм нормално било така.
Истовремено мрда и со раце и со нозе, мислиш ќе стане да те тепа. Тоа со очите ми е језиво, кпга ја заспивам почнува да се смее да испушта звуци и побрзо дишење, и очите ги превртува некако ко оние нетокму што се. Таа не дека гледа, веќе спие во тој момент. Исто смешно ми е додека цица, рацете и се стегнати во тупаница. Маж ми вика ти вика дај млекото или бoксови ќе играат
Бебињава од колку месеци почнуваат да реагираат на нас мајкиве? се смешка кога ме гледа ама и со лустерите се смее со плакарот затоа не ми е веродостојно смешкањето
Хаха мојов и после јадење ги држи стегнати, изгледа ќе падне некој бокс еден ден сигурно Инаку со штрекнувањето имам читано дека се чуствуваат исто како ние кога сонуваме дека паѓаме. На болница бевме сами во соба мртва тишина тој кога ќе се штрекнеше дури и ме плашеше, и дома истото го прави, а кога метам со правосмукалка не ме сеќава, или апаратот од нескафе кога ќе збрчи не го приметува. Еве вчера го шетав со количката и од дупките по пат абе душа извади од штрекање
А дали е нормално некогаш да не сака да цица многу? До вчера страствен цицач многу лакомо јадеше и нон стоп бараше. И обавезно бљуцкаше. Е вчера и денес особено, цица ама 10 мин и се трга и не сака веќе. Дури не ни бара да цица ако не и понудам јас. Убаво рекле кога цицаше многу многу цица, сега зошто малку никако да ни се погоди на нас мајките
Погоре како што прочитав бело и е јазичето. Да пробаш со нистатин и газа навиткана на прстот да и го исчистиш да не е од тоа? Е сега за цицање не знам точно требало и градата да се намачка да се чисти ако е кандида во прашање. Нека кажат членките немаме искуство со цицање јазичето така му го чистам јас.
Не е од јазичето. Цица нормално сега и го чистам. Тогаш кога беше гладна пиштеше па се молзев. Ама сега баш не е гладна околу 10мин и толку. Може за други бебиња е нормално толку да јадат, ама јас дека бев навикната многу лакома да биде затоа чудно ми дојде сега. Може е период. А може и ќе смени веќе
Мами, извинете ако прашањето не ми е за оваа тема! Но незнаев каде да го поставам. Имам премногу јаболки и круши, а сме 3 месеци (не сме почнати со каши рано ни е), дали можам да ги смрзнам па кога ќе почнеме да ги извадам и приготват (смрзнати цели или на парчиња?) До нова година не би стоеле во гајби ќе отидат јабана?
Аа е тогаш период е еве го и мојот така глуми, вришти за јадење и кога ќе му го дадам млекото 20мл пија само
Прелу едно две јадења знае така да се излигави, ама после побрзо бара и надополнува. Како ќе и прдне неа
Ние се замрзнавме од овошје и зеленчук. Нешто мајка ми направи сок за бебе, останатото се на парчиња и замрзнувач.
Ние така направивме. Прашав и овде повеќето рекоа дека подобра варијанта е да се замрзне свежо, наместо да се конзервира во тегли.
Јас го оставам 2-3 пати на ден дур не почне да кенка што е макс 10 мин. 3++ е моето. Често знае маж ми да го легне кај него на гради па и така ја крева главата.