1 минута, после вреска На гради кај мене повеќе и одговара, 10-15 мин во текот на денот. Нема штета од тоа, баш се препорачува колку што може повеќе.
И моиве беа слични на почеток, но сега направија 2 месеци и 1 недела и веќе имаат некој ред.. Првиот месец ми беше потурбулентно, потоа стекнав рутина која најчесто иде вака: ги бањам навечер околу 21/ 21:30, потоа пијат млеко, ги легнувам во темна соба (само со дискретно светло од лампа) и им пуштам да слушаат white noise. Претходно кога спиеја со светло и кога ги бањавме се во различен тајминг исти им беа и денот и ноќта.. Но, откако почнав вака, како да разликуваат ден и ноќ и си врзуваат повеќе часови сон навечер. (и по 4 и пол, 5 часа..) Пробајте така со воспоставување некоја рутина и повторувајте ја секојдневно во приближно исто време
Минимум 10 минути на прва града. А може да се лигави и над 30. Втора ако не заспие до кај 10 мин макс и ја тргам.
Исто превам уште од 3 недели. Беба 3 месеци за некој ден, се буди еднаш за јадење и цела ноќ е кома. Бебињата сакаат рутина.
Истата рутина ја терам од како сме дојдени од болница и од тогаш првата дремка ја врзува цели 5 часа, потоа на 3 часа станува како аларм и во текот на цела ноќ се буди со мижење па со млекото автоматски презаспива, очи никако не отвора. Мислам дека веднаш ја стекна таа рутина, и цел ден да има спиено знае дека вечерта е за спиење во креветче во спална и крај. Не му ја менувам таа рутина ќе си знае додека порасне кога се спие. И гости да ми се најавуваат им кажувам дека тогаш спие ако сакаат да не видат нас после 9:30часот да идат а ако сакаат бебето да го видат слободно да дојдат во 5/6часот. Рутина не менувам за ништо на свет.
Такво ти е бебето. Јас го заспивам во исто време, до 21 часот. Станува двапати за млеко. Проблем ми е кога ќе стане за млеко во 04 часот, спие до кај 5 и нешто и после се нишаме, никако да презаспие. Еве пак сега тоа ми го прави. Полудувам.
Просек 5 мин, од кога е родена. Мене ни омино бианко ни фрош спрејот не ми вадат, на крај со разредена варикина ги покиснував, некои малку изгубија боја. Од кога ќе капне веднаш да трчаш да го вадиш евентуално, малку ако постои ништо не го вади.
За флеки, пробајте со Fairy сјај за рачно миење, црвениот. Капнувам на флеката и веднаш во машина. Флеки од масно, чоко млеко итд ги снемува веднаш.
Гледај да има барем некој период на будност од последната дремка до официјалното заспивање. Или можеби помести му го времето за легнување малку покасно пример и види како би било...