Пробај порано да го заспиваш, помести ја вечерната рутина. И два пати будење само е топ за спиење од 9 саати
Скоро во секој маркет кај средствата, не е за бебиња конкретно. Првичната намена му е одмастувач ама флеки добро вади.
Може ли од влезена вода при туширање да му се воспали увото. Ми се лизна неко конбокалот и му отиде вода натаму, од стрес не видов колку а сега жива ќе се изедам...
имам едно chicco комплетче за бебиња, мене ми е полесно со тоа малото ноктариче. Само врвчето го фаќам
Не! Педијатар и Видоевски ни кажаа никако широк повој. Тоа било во времето кога немало памперси па да не ги мочкаат алиштенцата
Мене во Ремедика ми рекоа да ставам. Па после контрола на ортопед. Ама јас уште не сум и ставила. А 1 месец имаме.
И мене во Ремедика ми дадоа препорака за широк повој, сепак не ставив. Само си климнав со глава да да секако и си продолжив по свое
Имам една пелена за широк повој, ја немам ниеднаш употребено. Колкчињата на прва контрола одлични. Мислам нема потреба
Може ли да ми кажете што да се зема од лекарства за на пат? За температура, повраќање, пролив итн… Бебе е старо 6 месеци.
Со електрична турпија. Откако ќе почне да мрда многу потешко е со ноктарче или ножици. А вака набрзина со турпија, а и немаш како да го повредиш.
Не и не гледам потреба порано ставале кога користеле тетра пелени место памперс. Добив совет од докторот само навечер да му ставам меѓутоа не гледам потреба секако спие како жапче и на прва контрола супер му беа количината. Со електрична турпија мн е лесно и не мие срав не би можела со ноктите мие срав да не го повредам.
Само моето ли бебе не спие убаво ноќе? Прета, кенка... Умирам за сон, барем три часа да сврзам, му давам цуцла, но ја плука. Полудувам навистина, не знам што е со детево мое. Кога ќе прочитам бебиња сврзуваат по четири часа, завидувам.