Остај, мене очи ми се затвораат кога нишкам. Пукнав еј. А преку ден па не можам да спијам, имам поголемо дете, не можам со него. Ај барем не сум сама. А што даваш за грчеви?
Мајки молам за совет за две работи. Малата ми е 4 месеци од 2.5-3 месеци се врти сама на стомак меѓутоа рацете не ги става напред пред лицето туку назад или во вис како Супермен И со тоа автоматски напати главата и паѓа во душек со носот. Второ веќе почна и во сон да се врти и да сака така да спие на стомак , не сум спиена од страв да не не ја заврти главата. Што да правам за спиење дали да земам некој позиционер мада читав дека не се беше безбедни. Поздрав
Ви мрдаат ли чудно бебињата со рацете? Кога е гладен ко да се тресе целиот некој чудни движења неконтролирани.
Од Амазон, не знам со достава кај нас како е. На Сherish многу е тивка и нежна, дур спие и ги средувам.
Постојано мрда и со раце и нозете како да ке истепа некого. И потоа ке видам ја наполнал пелена до врв
Е мојов кога кака е мирен бубачка само по фацата му се познава дека кака се вцрвенува како патлиџан. Ама ако е гладен или нервозен цело тело му игра се тресе, мава со рацете, гребе... а 3 месеци бебе
Мојата кога заспива шутира, се врти, се лути во сон, отвара и превртува очи. Се нервирав мислев се буди дека ја ставам во креветче, ама гледам ќе се смири, пак после ќе ја фати тоа и така. Веќе не ни реагирам на борбите нејзини.
Моево со нозе како рита у вис јао колку пати во раната ме докачи Туку ставате 2 памперса за широк повој?
Утрово го однесовме кај моите дека не сум ок и одам по лекар, арно ама ги сметав брзините со јадење (татко му му даде сабајле а јас во полусом), не сме му дале витамин Д3 и пробиотик, па дали е во ред вечерва да му дадеме кога ќе го земеме?? Права немајка ама не знам како ваков превид направив .... Секое утро тоа прво вадам да се стопли, па и мм секој ден прашува пиеше,денес и тој утна да праша ..
Е де, се дешава и да пропуштиш ден. Не си немајка заради тоа. Ништо страшно. Витамините најдобро се даваат од сабајле пред прво јадење, така ми има кажано ортопед. Така да, дај си од сабајле и готово
А како тоа пред прво јадење, зарем на лажиче директ витаминот? Обично во млеко му го ставав, така еден педијатар ми спомна...
D3 директно во уста се дава или со лажиче ама така останува на лажичето и не ја прима вистинската доза. Најдобро е наутро или преку ден, бидејќи навечер може да влијае на мелатонинот а со тоа и на сонот.