Давам и иако не е морално јас би избрала да давам. Помага за создавање на имунолошкиот систем кај бебушот што мислам дека е многу потребно во најраните месеци кога не може да се даваат дополнителни суплементи.
Кажете некој начин за успивање на бебе. Ова не е нормално више.. Секоја ноќ без спиење сме. Па не е една вечер или еден час, ова више не се издржува. Како може бебе толку мало да не спие, со часови. Па и само во рака сака, инаку плаче. Часови се во прашање. Полудев више.
и моето сакаше само во раце па за два дека се навикна во креветче. Пред тоа и со нишкање и тапкање плачеше пред да заспие. Го оставив во креветче, со цуцла и ќебенце од страна на лице, да се гали ( ова строго под надзор да не покрива нос и уста и кога ќе заспие го тргам ќебенцето). бели звуци и побарај на youtube ‘shh sounds for baby’, траат по 10 часа. само упорност од твоја страна . Некаде прочитав дека бебињата стекнуваат нови навики за 3 дена.. сега ептен ако е вознемирен , го земам и тапкам по газе додека се смири и почне да затвора очи и го спуштам во креветче. П.с бебе е на адаптирано Ти посакувам успех..
Девојки синоќа на папочето имаше крв. Ја однесов на педијатар ми рекоа алкохол медицински да и редам. И бивацин. Ништо не и стадоа таму. Дали кога пага папочето така де појавува или го имам јас потфатено во преслекување . Гледам што повнимателна тука. Синоќа без памет останав.
Добро ти кажале како да го третираш. Бивацинот ќе го среди, без гајле. @Erika.greeneyes колку направи твоето? Моето до 42 дена исто така беше, имаше денови плачев во перница од премор и дојде мајка ми, го успа и го стави на гради едно 15 мин. да зацврсти и го спушти во креветче. Бебево сврза 3h . Совет, не го спуштај одма, сега така правам и има поасални дремки.
Не е ништо страшно и мојава имаше така. И ја зголемија дозата на д3+к1 две и давав на ден додека да престане да крвари.
грчеви има ли? јас полузаспана ја оставам во креветче, пуштам некои бели звуци и ја галам. Она се буни на почеток ама за кратко се предава и заспива.
Мила проба со повивање? Има ко памучни вреќички за повивање со лепенка кај рачината и со патент запетлуваш. Може така ќе се чувствува помирно и ќе си спие? И јас барав ама немаа на залиха, деновиве гледам во Тила добиле.
Ако имате некој од Грција да ви донесе infacol капки за грчеви, топло препорачувам. Од биогаја и сл бебево беше немирно. Сега само на infacol пред подој една епруветка во уста, и топ сме.
Мене Био Гаја ми прави проблеми, на 6ти сме на контрола ќе видам со што да го заменам ќ. Еден ден давам сега еден не. Ми го фљлат тој на хелт еид бил околу 1700 ама мн добар не знам што да правам најпроблематично нешто ми е пробиотик
И нас Био Гаја не ни делуваа добро па земав Ваја во болница на излагање ни дадоа па подобри се покажаа. Сега ми се при крај па ќе земам Нормиа да пробам тие ми ги фалат многу.
Како ги дозирате еспомисан капките? На упатството пишува за доенчиња 25 капки, ама дали треба неколку пати по 25 капки или за цел ден вкупно 25 капки. 1 месец е бебе.