Во креветчето имам наместено потковица (како во Ремедика во креветчето што имаше) за да го допира нешто од страните. Кога ќе го легнам му ги држам уште некое време рацете, дека се штрека и му пуштам бели звуци. Пред да го ставам во креветче го држам некое време во раце после доење.
Мм во аптека му рекле само од 2 до 5 капки по потреба ние уште мали сме две недели. Еднаш и дадов. Се смири. А за поголемко наголеми на 10-12 капки. Или праашај педијатар види што ке ти каже.
значи биогаја кај многу се покажа како не баш ок пробиотик. Јас решив да не и давам, цица убаво, празни цревца, пуни пелени.
Денес бевме на педијатар она ми ги препорача и ми рече по упатството ќе ги даваш. Пред малку му дадов 5 капки, цицаше и еве го мирно си спие, после ќе пробам со 10, некако многу ми се 25 капки одеднаш. А во аптека на маж ми овие му ги препорачале, на природна база биле
Различен е составот и намената на Еспумисан и овие на сликата. Еспумисан е за полесно исфрлање на гасовите, а Колактазе е ензим кој помага во варењето на млекцето. Можеш и од двете да даваш ако има потреба. Јас не давав Еспумисан, само пробиотик и ензим.
Ги имаме коростено овие се за намалување на грчеви а Еспумисан се за да ги исфрли гасовите односно испрди. Јас од 2та типа му давав во комбинација зошто ептен се мачевме со стомачето. Едит: Ете исто пишале погоре
Мајки со бебиња околу 3 месеци, дали ги отвараат рачињата, самостојно да посегнуваат по нешто и слично? Мојов нема абер за неколку дена 3 месеци полни,рацете во тупаници и во уста по цел ден. Ќе му оставам играчка некоја до него ќе се довлечка до неа и ќе проба со уста да ја фати, со рака воопшто не пробува.
Јас го држам во раце и го тапкам по грб и цуцла му ставам. Моето ика сигурно 3-4 пати дневно. И во стомак такво беше
Ставај му ти играчки во раце, некои лесни што може да ги држи. Задржи му го рачето во стисок додека ја има играчката да вежба држење на предмет.
Знам како е, ама со вежбање ќе научи како да ги држи. Исто така ако имате baby gym, ставај му играчки да се пружа по нив за да ги дофати.
@Mari-Li и јас читајќи искуства од тука ги исклучив биогаја капките и се подсмири дете. Не дека исчезнаа скроз грчевите, ама ако претходно броев минути да поминат 5 саати па да и дадам еспумисан за грчевите, сега еднаш евентуално два пати дневно и давам еспумисан. Од вчера почнав со нормиа пробиотик по препорака на педијатар па ќе видиме како ќе биде. Ма да на мојава најмногу и помага за грчеви во релаксатор на вибрации
А на колку време сменивте пробиотик го дотрошивте па на друг или педијатар ви препорача… изгледа во систина автоматски на сите биогаја ни даваат…
Месец има моето. Ја чувам некое време пробав и така не ја спуштам одма и како осеќа самошто ќе ја спуштам ете ги отворила очите.