Чекај со ова ензим се збунувам. Сите што се за грчеви се ензими всушност или? Мене колиеф не ми делуваа па бекутсн зедов сега. Само по потреба ми рекоа да и давам.
Сите за грчеви скоро се со симетикон. Јас почнав од Бекутан, и тие се такви, а и од Грција инфаколик имам и тие се ист состав. Не дека помагаат нешто, од искуство со првото дури не се смирија сами грчевите, ништо што дававме не помагаше.
Мислам ти нешто имаше пишано околу витаминот д3..до сега давав д3+к1 од осмиот ден. А пред некој ден ми препишаа и д3+омега да давам. Не е тоа многу д3? Јас некаде како да прочитав кога ќе се заврши со д3+к1 тогаш да се почне да се дава со омега.
Ако го доиш убаво е омега да даваш, јас давам д3+к1 плус омега со DHA ваљда на тоа мислеле на бејбитол се
Доза на д3 одредува ортопед, обично е по килажа, 200ие на килограм. Штом ти кажале да даваш и од двете, давај слободно.
Мене ми пиша педијатар по 8ми ден една капсула д3+к1 и една омега, во нив нема д3. Мислам дека 400 ИЕ содржат, порано повеќе дававме со капки, не е голема доза. Давај така штом ти препишале.
За овие зборувам. А дали може да ги давам одеднаш или едните на пладне другите сабајле. Пошто не знам која членка имаше пишано дека навечер може да имаат влијание врз сонот.
Ваљда за Д3 мислиш дека влијаат на сонот. И јас имам слушнато дека подобро се апсорбира Д3 витаминот навечер, и дека го подобрува сонот влијаејќи на излачувањето на мелатонинот. Ама само Д3. Овие другите може да ги даваш кога сакаш. Јас од сабајле давам пробиотик, пред ручек ги давам витамините и така тераме 6 месеци. Пробав навечер да му давам Д3 за подобар сон нели, и цело време заборавав да му ги дадам Па почнав и тие на пладне со другите витамини да му ги давам.
Можеш од еднаш да ги даваш. Јас ги давам сите витамини заедно за да не заборавам некој. Но ако ти одговара да ги даваш одделно, не е грешка тоа. @Jordanovska-K Д3 се препорачува да се дава преку ден. Навечер може да влијае на сонот, да го намали мелатонинот а со тоа и сонот. Нели секако Д3 произедуваме преку ден кога има сонце.
Јас пак витамините му ги давам точно пред спиење, и уште се чудам зошто бебево навечер ми реагира на секој звук, преку денот и со тапани да тропам не станува. Можи да има вистина ќе пробам баш.
Моево ептен се разбљуцка во последно. Лаком е многу и скоро после секое јадење ќе бљуцне. Пример јаде јаде и ќе го тргнам после 10-15 мин активно цицање ама сака уште и после бљуц. А плаче ко да не јадел ич. Прво ждрига и прекинува да плаче после кое следи бљуцкање.