Дечки кои се симптоми на настинка кај новороденче? Мене ме фати грло негљтивна ама ваљда од ладна вода ама ме фати страв зашто го дојам да не го заразам
Мочкани пелени минимум 6 во денот. Пред ранење соблечи и види ако е индикаторот на нејзе со сменета боја или пелената потешка тогаш е мочкана и е ок.
Хехе малата на 18 ми прави 4 месеца и не бљуцка туку знае и во млаз да поврати од што е лакома, дома како бомби ми е ламинатот кога ќе фати да бљуцка и да повраќа во млазеви, ама супер си напредува. Не се плаши ако напредува добро вишокот нормално е да го исфрли.
Ај пак јас со прашање Ќерка ми има месец и нешто. До сега нели случајно ќе си се насмее во сон, ќе му се насмее на таванот, на шкафот. Ама овие неколку дена почна да испушта звуци не баш она гугање ама како да се радува на нешто особено ако има нешто шарено пред неа. Исто деновиве кога ќе ме види мене или кога јас и зборувам знае некогаш да ми се смее и тоа убаво ја отвара устата. Дали почнала више да разбира, или си умислувам па случајност е смеењево
Ахххх… Најубавиот период сега ти почнува. Тек ќе се топиш. Сега седнувај ја пред тебе и збори и. Ќе почне да ти гуга кај и да е. На 3 недели почна моево, да ми се смешка и да ми гуга. Си го седнувам пред мене и му зборам па тој гуга ли гуга, прета, цел возбуден и радосен. Ја се топам. Да уживаш.
Многу рано почнало твоето со гугање или пак мојава касни, мојава за некој ден 2 месеци ќе полни и сеуште нема ништо некои звуци испушта ама не ми личат сеуште на гугање. Се смешка и почна со поглед да следи кај и да одам даа веднаш ме бара.
Не не. Таман си е твоето, не доцни воопшто ќе си се пушти, ама му треба стимул. Значи од сега натаму да им се збори цело време. Моето личи дека почнува порано да покажува оти е 2 недели надносено, иначе фактички исто му доаѓа. Го седнувам во релаксатор, оти му помага за какање и додека чекаме, земам табуретка и седнувам пред него и му зборам. Ако не сум ја, ќерка ми му збори или маж ми. Дури почна и да се буни ако никој не му збори и да кенка. Реагира се повеќе секој ден. Ама потребен им е стимул. Не знам дали следиш некоја апликација за развој на бебињата. Јас ја симнав оваа Бебо, и баш се што прави стои во мајлстоунс што до 1 месец, што до втор месец итн. И токму тоа доаѓа како потсетник на крајот од месецот да си видиш и забележиш дали бебето достигнало се за конкретниот период.
Јас повеќе и пејам песнички и зборувам ама не знам што да и кажам. Која поточно апликација? да ја најдам, да ја симнам
Bebbo овде на фемина што ја рекламираат. Ја од љубопитност ја симнав, немав надеж, ама има доста информации, па сега ја следам редовно. Иначе јас ќе му речам Абе Агугу кај си ти? Тој ќе почне да се смешка и да пушта звуци, па ќе излета некое агуу, гуу, гааа, па ќе му речам - а ти си сакал да збориш.. па правам пауза тој да се потруди пак, после пак нешто- сакаш да ги оговараме тато и дада? Тој пак пушта некои звуци па ќе гугне.. такво ни е зборењето генерално Ќерка ми се седне до него ќе му ги кажува боите и планетите, маж ми исто ко мене се плетка. Ама мора да им се збори. Од сега натаму им е потребна стимулација за се.
@shz уште ова, значи во оној меѓу период меѓу 2 дремки, кога е наспано, најадено, чиста пелена, дали релаксатор, креветче, на кревет не знам во што и да го чуваш, застани пред него. Прво ќе реагира на гласот веројатно веќе го прави тоа, ќе се изненадиш колку брзо ќе прогуга. Ама секогаш користи го тоа време да и зборнеш нешто неколку пати на ден. Ќе видиш колку кратко време ќе и треба да ти одговори.
Мојата вчера на баба и телефон и гугаше. Бебе 23 дена, не кој знае што ама почиња да се аетикулира по малку. Јас ја ставам во lovevery игралната и со тоа црно белите картончиња е радост, ги гледа им мафта уште па ако и пуштам од Златно славејче песни врзуваме цел сат без цице.
Баш така. Мојата е 3 месеци, од прв ден мама само брбла, еве ја цели муабети сврзуваме секој звук го повторува. Цело време зборување на бебе!!!
На мојата уште омилена активност и се цицање и спиење. Немам простор за гугање и зборење 3 недели има
Мајки мојов почна многу често да ми се засркнува од шишенце пошто е многу лаком 3 недели сме ... уплав мислам имам веќе го кревам го тапкам по грбчето и проаѓа ама страшно е... дали и вие сте биле во ваква ситуација....
И мојот на 3 недели почна со гугање, а веќе на 4 ипол 5 се смееше, значи имало врска тоа што ми е надносен една недела.
Да бев и спас најдов во шишето на Dr browns со тесно грло. До кај 2 месеци пиеше од тоа и не се засркнуваше повеќе. Ама сеа за жива глава го неќе не му тече и се бориме за да пие ако му давам од тоа, веќе не му давам му земав со широко грло и поголем проток.
Која маст да ја земам за потпарено? Користам судокрем ама не и одговара...моментално сум Грција на одмор па што би можела да земам од тука да е ефикасно? 4 месеци има бебе.