Не знам што е со бебево мое, но јас сум пред нервен слом. Пред 5 часот е будна. Умрев веќе. . Џабе нишкам толку време. Не се издржува. Секоја вечер ова се случува, но оваа ноќ е страшно.
Колкави сте? Ние имавме таква мака до 40 дена потоа си фативме ред сега имаме 2 месеци и дури сум загрижена дека многу спие некогаш врзува 7 сати. Немај гајле период е ке помине сигурно издржи. Или можеби овие скоковите се.
Заспива до кај 21 и 15. До 23 часот спие и после ќе се размрда и ќе го занишам за да поспие до 12 часот барем. Потоа пие млеко и до кај 03 часот спие. После 03 само еден час спие и почнува хоророт што се вели. Еве ноќеска пред 05 часот почна да прета, да мрда.
Преку ден да не ти спие многу? Колку време е будна помеѓу дремки? И моето едно време се будеше тој период накај 4 5 ,со мрдање,испуштање звуци на нервоза некој, читав дека е нормално кај толку мали бебиња што уште не знаат што е ден а што ноќ. Само мораш да се прилагодуваш мајка, јас видов не видов и јас со него станував, менување пелена, гугање, зборење, смеење, ако е време за јадење ќе му дадам и ќе пробам пак да го заспијам. Некогаш ќе заспие ,некогаш потешко, ама тоа е мора да издржиме, ќе смени ,еве го сега си спие од 7-8 до кај 12,па станува за јадење тој период му давам продолжува до кај 4 и од 4 до 7-8. 12 саати му доаѓа.
Па преку ден некогаш е буден по саат, некогаш саат и пол, некогаш по два часа. Не знам дали влијае тоа. Еве вчера во 16 часот му беше последно спиење преку ден и после дремна пола саат од 18 и 30 до 19 часот. Сепак е мало, како да го држам да не спие преку ден. Дење спие во светло и галама, нормално си функционираме. Ноќе ми е темно.
И ако се преморува многу и ако легнува доцна, тоа може да влијае на рано станување. Еве неколку совети од dr.Goodnight може ќе ти помогнат.
Му го чистиш носето со нешто? Јас кога влечам со аспиратор искачаат мрсулки. Не знам дали и ова го сметаат за нормално или беба е настината.
За разлика од син ми, момава сама си направи ред и цица на 3 часа, некогаш и 4. Како под саат е точна. Деновиве и си спие. На пример заспива од 23 ч до 1, зависи. Па ќе стане 5-6 часот, па накај 8-9 и после јас знам да ја разбудам околу 12-13. Ако сме излезени си спие, ќе се разбуди да цица и пак спие. Некаде после 20 часот знае да дрмнува, ама се буди. Ме буни тоа што спие. Нормално е нели? Има 44 дена, мислам дека се уште спијат доста.
Па не, нема секрет. Фидановски од Систина ми кажа дека е нормално да крчи. А ако има секрет, тогаш да чистам.
Има мислам специјално на frezy derm, но јас ставав маслиново или кантарион. Моите имаа на темето и користам пена шампон од Мустела за теменица. Пробај прво со маслиново, може ќе се исчисти, но треба да поседи саат два намачкано.
Weleda купував ама скапичко. Имаше она и на главата и на веѓичките, теменица. Мустела шампонот не ни помогна. После уриаж земав лосион. Ама мислам само од себе помина. Стави масленце ко што ти рекле и истриј со крпче нежно да паднат, немој пресилно, ама треба да се тргнат корупкиве не е убаво да се наталожуваат.