Гледав пред некое време едно видео не знам дали ќе можам да го најдам баш за ова објаснето. Бебето не се мачи иако така изгледа како да има гасови да се напрега. Не им бил уште развиен, да кажам, внатрешниот часовник, не знаат уште што е ден што ноќ и тоа повеќе било невролошки будењето тој период. Дури и моето не се будеше целосно туку во сонот така правеше ,пола саат 40 минути па да го земам на мене да се смири, заспиваше со кенкање и испуштање звуци. Не знам кога престана, сега веќе не прави така, можеби на 2 месеци? Да не те лажам ама ќе помине сигурно, период е. А и нема врска тоа моето на Ад е. Не спие од ко е родено со очите отворени, само навечер ми спие ама се буди 2 3 пати за млеко. Ноќеска пример катастрофа на секој 2 саати будење па не заспивање и сл, а има денови по 4 5 саати спие без проблем. Ама менуваат, секој ден нешто различно.
Мајки, бебе почна да бојкотира млекце, еееедваај со сила 70мл пие, ретко 90, а 3+ сме. Цица нешто плус ама се сомневам дека и е доволно зошто брзо заспива. Некогаш и на 3часа нудам не сака, или пие 20, 30мл. 6кг сме. Не сме во 4 скок уште, можно ли е да се заби? Цела тупаница ја става во рака, и прстињата си ги џвака, плус екстремно се лигави.
Помагајте! Дали имате проблем со опаѓање на косата после пораѓај и што користите? Ова е веќе алармантно, толкави тутки и во спиење, а не дај боже па кога чешлам или на капење. Почна страв да ме фаќа
Додека го доев синко мислам ќелава останав, ме спаси шампонот против опаѓање на Геровитал (го има во Зегин, околу 300ден.). Сега уште од почеток го користам со второво.
16 дена има малата. Сношти поврза 5 саати без да се разбуди. Дали да ја будам уште? На доење е само, убаво напредува 500 грама за 5 дена имаше ставено вчера на контрола, ама уште има жолтица. Малиот не го будев после вториот месец, цела ноќ спиеше, ама по кило и пол ставаше месечно. Многу мала ми е некако за да ја оставам толку, ама сум се успала и јас сношти.
100 гр на ден качувавте не е тоа многу некако? Како ви успева? Мојата е нон стоп на цицка па 50 гр најмногу на ден качувала.
@Erika.greeneyes првата недела ко бевме на контрола имаше само 100 грама во 5 дена ставено, а сега 500. Така се погоди веројатно, нема толку да става цело време. И тогаш и сега за доење ми рече дека е во ред докторката.
На сите ни паѓа после пораѓај..мене веќе 2 месеци ми паѓа и не планирам некој посебен шампон да земам...откако ќе падни тоа што требало да падни ќе почни да ти расти нова коса така да мислам дека не треба да се секираш. Нормален процес е, само што е досадно и насекаде има влакна
Вака и педијатар ми рекол. Но сепак секое е дете е различно. Некогаш може мн да се издолжат, а помалку во тежина.
Мајки дајте совет како да го натерам бебуш да цица. 1месец и 2 дена е, цица и плус вештачко му давам затоа што во првите 10 дена додека беше само на мајчино ми паѓаше во килажа. Проблемот е што го мрзи да цица. Го ставам на града и во првата минута лакомо цица потоа седи со подотворена уста и чека да му потече па да голтне. А имам млеко и тоа многу, постојано ми тече како од чешма. Сама сум со него по цели денови и од што има гасови и грчеви не спие ич преку ден па немам кога да се ставам на пумпа. На килажа супер качува (родено 4040, па падна од само мајчино на 3600, вчера мерено 5090) ама тоа е од дохраната. Кога веќе имам млеко во изобилие, сакам да го пие ама како да го натерам да цица а не да спие на града или да чека само да му тече во уста?
Да, по 20 грама е во ред, ама обично повеќе ставаат. Кај мене тоа беше прва недела по раѓање, тогаш обично сите ја намалуваат плус не и дадов Ад ни дома, ни таму не и даваа, а немав млеко надојдено ко што треба. А сега стави многу дека почесто цица, почнаа грчевите и давам кога сака и надомести за изгубената тежина.
И син ми исто прави. 2 месеца е. Ова е оралната фаза. Влегувате во 4ти скок веројатно. Скоковите може да варираат до 2 недели +\-. Значи да почнат до 2 недели порано или подоцна од очекуваното. Многу интензивен скок е ова. Голем скок во развој се очекува. Често се поклопува и со регресијата во спиење, ја уште имам трауми од ќерка ми од овој скок. Со лесно нека е. За разлика од популарното тврдење дека зелена кака е знак дека е гладно, уствари чим кака значи јадело и гладно сигурно не е. Може да се јави како резултат на бавна дигестија на млекото ако е лакомо и се прејадува, или ако е на формула можеби во составот има повеќе железо. Зелена кака се јавува често пати првите месеци и не е за загрижување. Ќерка ми имаше зелена кака скоро цел месец еден период, а јадеше и напредуваше супер. Ако напредокот и останати параметри се во ред, нема простор за грижи.
Користи некоја од вас природна козметика која не ја мрси косичката? Ќерка ми немаше коса до година и кусур па не ни приметував, ама ова бебе има малку косичка и ок му е само после бањање. Ама ќе преспие и следниот ден му е мрсна…
Моево сеуште има еднаш дневно скоро секој ден. Педијатарот спомна гладен бил претходните 6-9 сата. Ама штом накачил 580гр за 12 дена не е страшно, да не сум форсирала јадење, да го следам бебето кога бара тогаш да давам.
Мајки жени царици најдоб едно решение што може ќе ви помогне. Бебево мое нејќеше да заспие читав многу такви проблеми тука утре правиме месец. Имено се нацицува заспива и за кратко се стресува и буди. Проблемот бил преполно желудниче со воздух иако веќе ждригнал и се мачи да поврати. Значи секогаш кога ќе направат така земете ги во раце да ждригнат уште два три пати потоа им се празни желудникот и се уште гладни давате малку цице или флаша и бебе спика ❤️