Ова со топломеров воопшто не е препорачливо, што ако ти се скрши недај боже да напраиш беља? Капки некакви пие? Чајче има на хип со анасон, крај краева и млекото сменете го ако се мачи долго време. Гледам и јаде, форсирај слива, круша, јаболко, Масажа на мешето, вежби со ноџиња накај мешето, ако не какала повеќе денови консултација со педијатар Ама за ова со топломеров не гледам потреба.... цревцата треба да работаат сами, не вие да провоцирате какање....
Па не е само живата, не се гумени топломерите Ако збориме сеа колкави се шансите ова да се случи пак на долго и на широко ќе идеме Ама ок, ако преферирате топломер во газе наместо совет од педијатар, ваше е Вие кога имате тврда столица и запек што праите ме интересира?
Не преферирам ништо јас, немаме такви проблеми. Прашањето ми беше која е опасноста од топломер, зашто кога идеме напедијатар ректално и мерат температура. Ако има опасност зошто би го правеле тоа?
Јас да прашам некој дали имал слично искуство. Пред 3 дена малата (2.5 месеци) ги прими првите вакцини.Ден и пол имаше и температура максимум 38.4. Од тогаш од запек до дијареа, кенкава,плачлива, синоќа од 2 до 6:30 ми спиеше во раце, денес исто темпо се продолжи со плачење,нервозна,нервозно цица, нервозно пие АД. Да напоменам претходно си спиеше навечер со едно станување и пак си продолжуваше, насмеано бебе. Ако некоја мајка имала слично искуство барем да каже кога ова лудило ќе помине
Од кога може да ставам бебе под 45° агол? Некој да се консултирал со ортопед? Сакам малку количката да ја поткренам да гледа. Вака со пријателки ок било од 3+, да се вежбала подигање дополнително, нормално да не е долго тоа. И во транспортер ми се напрега да стане.
Затоа што и таа му е намената на тој топломер, да мери температура, а не да бркаат каки внатре со него. Мое мислење е тоа, прво со храна а потоа со педијатар и лекарства, затоа што и ние тоа праиме кога имаме тврда столица. Која е потребава воопшто да бркаме топломер ? Има начини денеска барем Цревцата треба сами да функционираат, не со провоцирање Од мене НЕ големо за топломер, вие како сакате Јас сум имала бебе што се мачело цела недела со какање, топломер не ставив (или што би рекла комшикана, гранче од сардела ) вежби, масажи, капки пробиотик не знам што, со храна ништо не можевме зошто беше премала, на крај го сменив млекото и имав ново бебе. Некаде лежи проблемот и треба да се реши, ама решението не е топломер во газе, толку од мене
А кога ги држите во раце, ги држите ли исправено? Ние денес правиме 2 месеци и ја држам исправено понекогаш во легната положба не сака да ја држам сака да се исправува. Прееска ја меривме 5300гр е, последе пат ја меривме некаде 21 -22 август и 4750гр беше, во ред ли е тежината сега?
Ја моето од 2++ го подигам во количка да си гледа и од тогаш веќе се напрегаше сам да стане, а сега и седнува сам више кога го држам јас ама не го оставам. Под 45 степени ги ставаат уште кога ќе се родат во креветче поради рефлукс така да не гледам причина зошто да не ги подигнеме во количка, секако не се седнати само количката е подигната.
Бебе е еден месец. Колку ви спијат денски? Денес многу малку ми спие. Го успивам, затвора, па отвора очи.
Мојата е 20 дена, во 8 стана, дури сега заспа. Цел ден исто прави, ја успивам и за секунда се разбудува и плаче, па пак одново.
Па малку во споредба со првите недела дена, ама навечер спие по 14 часа со 2-3 прекина за јадење од по пола час. Имаме една подугачка дремка околу 3 попладне заедно, другово е легни, стани и желба за цицање цело време.