Порано така ми правеше сабајле стануваше во 7 дури вечер во 10 заспиваше, ама сега почна и денски да спие веќе.
Мајки, како се справувате со плачење додека кака? “А” е 7 дена стар, плаче многу пред да кака, пробувам со масажа и кревање на ножињата, но не помага многу. Има уредна столица.
Не знам што е работа со мојот. Месец имаме. Од 05 и нешто само си предремува до кај 07 часот, а јас само нишкам. Дајте некој совет оти ќе почнам да паѓам од умор. Плус што станува претходно за млеко.
Оти менталниот развиток започнува во стомакот, а не со раѓањето. Не е исто бебе родено во 30та недела и бебе родено во 40та. Сепак можат да постојат отстапки од две недели пред/после скокот.
Ако е столицата уредна а не тврда не треба да плаче. Нешто го мачи, најдобро со педијатар советувајте се.
Дечки кога е тој прв скок во развој, бебуш ми е различен овие два три дена ама многу. Сака на цице цело време, да се мази, се плаши од звуци петта недела завршуваме понеделник влегуваме шестта
Како да знам дали сме во скок? Термин ми беше 24.08., а роден 10.08. Денес е многу плачлив, денски одвај заспива и тоа предремува едвај еден саат на двапати.
И моето плачеше додека не сменив пробиотик, ако си со царски рез има специјален пробиотик за тие бебиња Babytol neonatal и сега сме топ.
Не е стрикно да е по термин, така е најчесто. На поголемиот му беше по дата на раѓање. Ако ни по тоа не ти се поклопува, види да не е + - две недели од терминот и така ќе си ги рачунаш.