И тука да пишам... Во соба ни е 27 степени, живеам во доста топло место.. бебчето ми е скоро 2 недели и мака мачам со тоа како да го облечам... да не му е премногу жешко или пак ладно.. моментално му облеков само боди тенко памучно на долги ракави, надоле нозите голички и покриени со тетра пеленка.. како ги облекувате вашите бебенца на топлово време?
Нас матичната ни одобри да го користиме на 4.5 месеци ако има потреба кога почнав да воведувам вкусови. Сепак консултација со педијатар.
Не стигнав да ја прашам, ми рече за на одмор само пробиотик и ефералган ама мене шубе ми е само со тоа да појдам...
вечната дилема моето е 1 месец и секој ден се прашувам дали е ок облечено. Бирам секогаш разголено, гледам и прија
Може ли од што пијам кетонал, да ми е поспано бебето,не се буди денес цел ден,спиејќи цица,предмалку го будев го расоблеков со влажно марамче го бришев,го скокоткав мајок спие во транс,среќа некако уста отвори да цица,цицаше 10-15мин со дремење и општо и послабо цица цел ден, послабо мочка.10 дена е старо,на испис жолтица немаше.
Секако не сте на цврста храна па да се поголеми шансите за појава на алергија. Инаку сите сирупи против алергија се за над 2 год. Ако ти е шубе, земи го сирупот да го имаш при рака.
Ние кога почнувавме со дохрана ми дадоа зиртек да имам за секој случај и тој е за поголеми ама морав па давав на 7м. Ама ако има потреба се дава, доза одредува педијатар. Едит видов за на одмор ти е, може да си земеш за секој случај да ти држи страв.
Здраво женски, дали почнавте со D3 i K1 и плус омега3 давате? Мене педијатерот ми рече да почнам само со D3 а за омега рече дека било рано, па може ваше мислење? Фала ви
Види да не е премногу облечено, расоблечи го повеќе и во поладна просторија. Кај мене се додекс беше облечено на долги + покриено не се будеше
Прати мокри пелени. Тоа можат да бидат и знаци на дехидратација ако не цица многу. Буди го, истуширај го и на цицка цело време. Може да е и од кетоналот, јас не би го пиела додека дојам.
Јас давам омега и д3 од почеток. Мислам дека треба да се дава бидејќи придонесува за правилен развиток на мозокот. А и во болница ми ја препишаа и педијатар ми рече исто така.
По трет месец до навршена 1 година, 1 капсула Д3 и 1 капсула Д3+омега. Ова ми е совет од ортопед дека е сосема безбедно и пожелно е да се дава витамин Д3 и до 1000 u.i. (со оваа комбинација се вкупно 800 u.i)