Јас апсолутно ништо не му ставав само со газа го бришев после бањање и синоќа само му падна и тоа што му беше останато црно внатре.
Мајки моево бебе одкако почнав да му давам пробиотик биогаја неможам да проценам дали му е подобро или полошо...Пример цел ден нема да се покака и одкако ќе му го дадам ќе се покака ама едвај има како запек вчера се изнамачи 4 саати да се искака... Дали некоја од вас го имала проблемов со биогаја... И какви и кои чајчиња ги користите за грчеви инаку сме 24 дена...
Исти сме, 20 дена е мојата. Дури не почнавме пробиотик си какаше на секој подој. Ко почнав со диастоп се мачи со плачење кака, морам да ја масирам. И јас се мислам да не е од пробиотикот или сега се погоди со грчевите така. Јас планирам да купам капки со ензим, за чајче се мислам од анасон само да најдам без шеќер, а пробиотик waya ми го фалат, ќе го пробаме него.
Моето исто имаше проблем со Биогаја, какаше со плачење како запек да има и едвај откога го променов со Babytol neonat раат сме, бебе мирно спие, морно цица пред тоа ржеше кутрото и кака без плачење.
Исто до пред да му дадам од биогајата најнормално беше се и јас си помислив да не му почнале грчевите поинтензивно ама дефинитивно е до пробиотикот изглеа
Бејбитол неонате земи, специјално наменет за бебиња родени со царски рез е Ако најдеш анасон без шеќер сподели
еднаш и дадов биогаја и беше кенкава со стегање тој ден. Сега не давам веќе пробиотик никаков, природно е родена, ако има тоа врска.
Има врска, обично не даваат пробиотик кај природно родени деца пошто од родилниот канал на мајката тие си ги собрале добрите бактерии за цревцата нивни.
Мислам дека бебушите ни се тука некаде со возраст и истото ни се случува последниве денови. Ако не ја наместам на рака на меше нема шанси да заспие, а пример во количка заспиваше за 5 мин. Да не е сега тој скок во развој околу 4 месеци...
3 месеци и 2 дена е. Ова ни се случува последниве денови исто, баш прашував и јас дали е во скок. Само тоа ми е објаснување инаку вака да се смени преку ноќ буквално..
Јас на првото синче му давав биогаја скоро до 2 год,супер му одговараат,ако му ги прекинев одма како да му паѓаше имунитетот,како да ми се разболуваше. Сега и на ова бебе му давам биогаја,нема проблем со грчеви сеуште ама некако малце ми кака,многу малку количински а и мал е многу најверојатно затоа.
Мојата е 3 месеци и 10 дена. Не знам од кога почнува одприлика тој скок во развој. Ама баш исто буквално преку ноќ ми се смени. По кенкава е, повеќе плаче, кога ќе е будна подолго време плаче не може да се успие. На мама нервите партали
Незнам што да правам веќе.. имаме проблем со столицата (4 ипол месеци бебе). Има густа сенфасто зелена столица, а некогаш е и тврдо топчиња. Кака преку еден ден или преку два дена со многу мака. Бевме на хип комбиотик со биогаја, ја исфрлив биогајата зедов ваја. Сменив на Аптамил со флонивин, потоа омнибиотик панда со хип. Пробавме новалак ит и сега холе со флонивин и нормиа. Сето ова по препорака од педијатар и Нема подобрување... Бебе има гасови, ги витка нозете и кога прди плаче.. се буди од сон. Некој со слично искуство што како би помогнало? Не слушам више педијатар, многу формули сменивме во рок од 2 месеци...
Совет не знам да ти кажам кога веќе сте смениле толку формули ама мојата е на Хип Комбиотик и исто има зелена густа кака, кака на 2-3 дена, тоа мислам почна кога ја примивме ротата...ама мака нема вака при какање освен што ми одбива млеко пред да се искака, претпоставувам има мака во мешето ама не плаче.
Сега приметив малото има малку фатено нОсе, како да захрчува пушта звук иако буден. Се плашам да не се затне до утре или сл? 100 луѓе го видоа деновиве без осет а фамилија и неможам да се разберам со мм. Почнав и надвор да шетаме прв пат, може да е од тоа ,не знам ама се исплашив сега од што го слушам а немам аспиратор за нос.
Совет да не менуваш више формули можеш само бетер да направиш. Хип е најлесно сварлива варијанта барем така викаат педијатриве. Јас му давав Хип органик му правеше запек ,по грешка земав Органик Комбиотик еднаш и почнав со тоа, од тогаш фала богу редовни столици боја не сенф и никаков проблем сме немале. Пробиотик давам нормиа, исто задоволна и од него. Секое дете е различно ама ако веќе си менувала подобро да менуваш од истата формула отколку 10 различни формули ,јас и аптамил пробав еднаш два пати да му дадам ама не му се погоди и си се вративме пак на органик комбиотик.