Со што ги занимавате бебенцата од 3ипол-4 месеци? Мојот прцул све нешто му е досадно и место не го фаќа. До пред некое време му читав и гледавме сликовници ама сега многу брзо му здосадуваат. Во раце е најмирен ама не сакам да го држам цело време. Плус склетчија сум преееежешко ми е, пот тече од мене. Само го преместувам де на под, де во креветче, де на гарнитура, па малку во релаксатор. Му зборам, му пеам, му тропкам, ќе го подржам па гледа тв писка вриска комедии е. Ама све трае по 10 мин. А и цица по 9-10 пати на ден. Нели би требало подолго да се сити на оваа возраст?
Исто, ништо не може да му задрже внимание. Ни играчки, ни тропалки, ништо. Во транспортер и секаде со мене. Во едната рака рачката од правосмукалката во другата транспортерот го поместувам. Алишта пружам он до мене, најмногу сака да е на кујна качен, кога правам ручек И цица многу, и долго секое цицање под пола час не трае. Само така и дремнува преку ден, инаку подолго не. Ќе издржиме уште некој месец додека почнат да седат, лазат, јадат
Исто и ние така, играчки и книгички брзо и здосадуваат, најмногу е расположена кога и зборам и кога ме гледа низ кујна што правам да и покажувам. Најмногу е заинтересирана и реагира на муабет.
Дали вашите бебиња ги пикаат рачињата во уста? Мојава сега се научи и како си го лапа рачето со сласт дури и шлапка некогаш цицајки се трга рачето да го лапне, а цуцла лажливка не сака и не сака кога и ја ставам во устата само и стои или со јазикот ја бутка од устата и праве грозна фаца. А не сакам рачињата да ги бутка во устето, како да ја одвикнам? Ако и го тргнам рачето веднаш се лути или пак го пика.
Мојава до сега не. Ама почна од пред 2 дена. И тоа со сласт исто. Мојава прифаќа лажливка. Ама не секогаш ја сака. Често и ја плука.
Мамички на комбимирано сме на доење и ад. Е сега бебето старо само 7 дена вчера немаше какано исто и досега нема. Нормално е или? И ме боли глава смеам ефрудол да пијам додека дојам?
Не и забранувај да ги лапа рачињата. Треба да го прави тоа на таа возраст. Ќе почне се да става во уста рачиња, ножиња, облека, играчки...
Тоа е дел од оралната фаза, се запознава себе си, се запознава со околината. Учи вкусови и текстури, го вежба јазикот и усните.
Со што не... мојов 3 месеци има и не седи во едно место повеќе од 5 10 минути. Уште на глава што не застанав за да му биде интересно, само во раце и надвор да шетаме ужива.
Јас па не можам сама надвор со него. Од 5 пати што излегов 3 бараше во раце ништо живо нејќеше да седи во количка. Не ја држи уште стабилно главата па морам сеуште со две раце да го држам, а количката немам како да ја буткам така освен да ми никне трета рака не знам веќе. И премногу се лигави мислам по 7 пати го пресоблакам.
Јас на почетокот мислев се и се руча и се на цице ја ставав после видов и кога се трга од цице пак го пика рачето во уста па сватив дека не е за јадење.
А деновиве приметив често и јазикот само го вади надвор. Нормално е? Јас па кога ги става рацете се во психава поврзувам фа не е гладна. Многу сум некако опседната со тоа.
Исто, немам алишта више 20 пати на ден му менувам. Играчка ако му дадам во рака или во уста ја пика директ или вчера главата ја искрши кога се удри. Крај не се наоѓа овој период најтежок е ни ваму ни таму. Сам да го оставам нигде више почна да се крева за да седне и се превртува, буквално не можам да мрднам без него никаде, еве 3 саат не сум јадена он у раце и така.