Од кога ги шетате бебињата?Моето е 11 дена,го изнесував во двор само ама уште не сме биле со количка да шетаме.
При првата прилика на незагаден воздух кога си дојдоа дома. Некаде после 2-3 недели беше тоа. Претходно беше многу загаден воздухот, ладното не пречеше. Првиот пат 20тина минути низ маало, потоа постепено зголемував време. Ако сакаш да прошеташ, не гледам причина зошто да не. Ќе ти годи сигурно.
Моево последните 10-тина дена си направи некој ред . Ваљда така ќе остане. @macalavica секој ден на тераса седевме а од 2 та недела секој ден ја шетав насабајле дека беше пекол жешко тогаш. Сега не сме прибрани секаде оди со нас
Рота може да даде реакција веднаш? Ќерка ми немаше реакции на ниедна вакцина сем некогаш беше нерасположена па немам искуство. Денеска бебули ги прими првите. Во 11 ипол. Рота и две боцки во ножињата. Саат време спиеше и од тогаш се грчи, плаче до зајдување и сака само во раце. Млитаво е и сака во раце да спие. Чекам да заспие за да седнам. Температура по колку време да очекувам?
Повеќе ми е јас да пешачам,цела бременост лежев,уште неможам да се опоравам,од доење сега се вкочанив цела,десната страна од врат до плешка ми е фатена само со кетонали и мастови издржувам,сакам да излезам да пешачам малку а бебе со мене зашто само цица.
Ја боцнавме околу 8.30 околу 13 почна да се грчи и да плаче жално Устата и се тресеше дури од премногу плачење .Температура крена истиот ден околу 17ч. Следниот ден беше подобра , но скоро по цел ден спие еве и денес исто
Ако ништо друго помага да знаеш дека и други се во иста ситуација. Ајде ќе помине и овој период, можеби кога ќе седат ќе можеме да ги заигруваме полесно.
Нас во болница ни кажаа од ротата може само проливче, температура ретко скоро никогаш не качувале. Од шестовалентната да после неколку саати се качува. Од ротата немаше ништо моето пошто посебно ги прими, само поредовни столици.
Малата е 6 дена, по колку спиеја вашите на оваа возраст? Мислам во 24 часа будна е само 1час и пол.....
Ние вчера ќе шетавме, малиот се дотера, јас се нашминкав дури ја спремивме неа, ја надоив и излеговме. 5 чекори дали направивме со количката ко почна да вришти, цела улица не разбра. И толку од шетањето. Да поминат грчевите па веројатно полесно ќе е.
Колку висока тт кренаа? Од вакцина може многу висока да се крене? Еве Ели скроз е поспан. Во раце ми спие цел ден и жал ми е заспан да го преместувам во креветче па си го чувам. Леле скроз е жалче, грчеви има и тешко кака. Да да, знам дека Рота влијае на столицата и предизвикува грчеви кај дел од бебињата. За тт очекувам од другите вакцини.