Моето бебе старо 7 дена вчера цел ден и денес немам какано. Педијатар ми кажа да ставам малку маргарин во анусот и да му дадам чај од камилица со шекер ама засега нема никакви реакции. Некој совет?
А педијатарот не ти кажа дека е нормално да не какаат и до 7 дена? Ако не му е тврдо мешето не е проблем да не кака неколку дена. Пробиотик даваш некој?
Јас искрено би го сменила педијатарот. Ако нема мака и е на доење може да не кака неколку дена. А ако се витка и има проблем има милион работи посоодветни од маргарин. Прво со масажи на меше пробај, пробиотик, ако има грчеви капки со ензим за полесно варење на млекото.
Каков црн маргарин, каков црн чај од камилица каков црн шеќер на бебе од 7 дена, каков црн педијатар такво нешто препорачува не ми се верува Масирај му меше, праи нежно кругови со ножињата, пробиотик капки пробај некои, ако има мака вози го во количка или седни го во релаксатор на вибрации, ако нема мака без форсирање, нормално е новороденче да не кака и по неколку дена. И смени педијатар. Ама шеќер да не ти текне да дадеш на толку мало бебе.
Feminki moi ima li nekoja iskustvo, beba vekje 20-tina dena ima zelena kaka. Ubavo si napreduva 2 pati dnevno kaka na Hipp HA e.Pedijatarot vika moze od mlekoto da e no ne mozam da go smenam budejkji na 2 pati probav so dr mleko se isturi od povrakjanje.Nz sto i e.
Нормално е да не кака. Ефридол не може со доење, кетонал или бруфен смее само. Пробиотик даваш на бебе?
Максимална крена 38.4, не дадов ништо. Ладев на главче со киселина/вода натопени на крпчиња, чорапчиња и само по боди. Нудев АД,доење цело време ама беше млитава,омалаксана. Скоро 7 часа беа поминати без да има добар оброк и наеднаш како да се освести/разбуди тогаш дадов АД и во следниот час и половина и спадна температурата и заспа цврсто. Следниот ден имаше пак некоја слаба температурата ама не како претходниот ден
Wtf? Ај смени го педијатарот те молам. Совет - бебе може да не кака и до 7 дена, ако не се мачи не се витка и не личи дека го боли, ништо не правиш.
38.1 имаше па дадов сируп ама си имаше 37.5 цел ден И јас ја држев во раце од што ми беше жалче Ќе пројде
Не, вода се дава кога се почнува со воведување вкусови. Претходно не, бидејќи може да дојде до електролитен дисбаланс.
На 3ти ден излеговме од болница, на 5ти излеговме низ маало, на 7ми во парк. Сега месец направи во саботата ја шетам секој ден во количка и кенгур. Ја носам сегде со мене.