По што се познава дека бебе има атипична кожа? На доење само и што можи да е причина за тоа? Има како црвенило на лицето и н грпчето има сува кожичка на едно место.
Ништо чудно и јас и бебуш да имаме. 2 дена сме затнати двајцата, мене и грло ме боли. Ама без температура. Може и само настинка е. Отидеме ли негде на гости, болни си се враќаме
Нема некоја причина. Пробај со Еуцерин Атопик контрол или Биодерма Атодерм масло за бањање да го бањаш. Избегнувај сапунчиња, тие ја сушат кожата. Избегнувај да го изнесуваш надвор на ветровито, а кога ќе го изнесуваш мачкај го со нешто да му е заштитена кожата. Јас ставав само Витаминска крема од Галафарм и со Биодермата маслото го бањам, нема гајле.
Вежбички, масирање на мешето, термофорче. Мојата спасот го најде во саб симплекс, немаше грчеви ама гасови олеле мори мајко. После тоа ќе се изнапрдеше и жива среќна
Мајкиии педијатарот ми рече да исклучам пробиотик пошто на моето бебе не му делуваат баш како што треба а капки за грчеви уште не сум дала.. ние сме на АД и вчера за прв пат пробав во водата што ја зовривам за млекото да ставам ким му дадов два пати и незнам дали е случајност ама одма му беше како подобро и се искака и грчевите му се намалија во однос на претходните денови.. Е сега прашањето ми е за тие Мајки кои користат ким и АД колку пати смее ким да се стави и да се даде дали во секоја вода или 2 3 пати на ден???.... Фала вии ќе испробам и ќе ви пишам искуство ако има подобрување уште некој ден...
Во водата што ја зовривам за АД околу 180 мл беше ставив 7 8 зрнца ким така зовре го остаив да постои после го извадив кимот и млекото му го напраив со таа вода.. Е сеа незнам колку пати на ден така да му давам дали еднаш два пати или на секое хранење....
Види во самото упатство на транспортерот. Кај нашиот пишува до 60 цм на бебе после да се тргне делот за новороденче.
Јас со вода и направив сега, околу 100 мл зовриена со 5 зрнца ким. Купив и од Хип чајот со анасон, ама сменето е паковањето, пишува само чај за деца. За бебиња ништо не е напишано дали смее и колку. Порано на самата кутија пишуваше од 1ва недела. Има некој што дава на бебе од него?
Да најобичен, што се става на кифлички. Папоче кон 10 ти ден падна. @Rosa123 супер ти текнало сабајле и навечер давај така, сепак и да не се претерува со кимот. Колкаво е бебе? 180мл млекце пие?