Го немам упатството, количката ја наследи од ќерка ми. Ама гледам глава му излегува пола надвор од него а и тесно му е па може веќе треба да го тргнам. Над 60цм е, валда е време.
Бебе е 2 месеци и 10 дена на комбинирано сме. Од мене измолзувам околу 60мл. Од адаптираното до сега давав по 120мл два пати во денот но премногу плачи зајдува и бара уште. Денес и дадов 150 мл ад и плус 60мл измолзено и пак плачеше за уште. После некое време се смири и после два сати бараше пак. Не повраќа. Дали е нормално на оваа возраст да пие над 200мл млеко на еден подој?
А на резултати од лабораторија пишат референтни вредности за возрасни или за бебиња? Или зависи од лабораторија?
Бебињата ни се на иста возраст. Само што јас престанав да се измолзувам многу рано. Јас давам по 90мл на 3 саати. Плаче после секое јадење и мислев дека е гладни почнав да и давам 120мл на 4 саати. Педијатарот ми вика не плаче за глад зошто спие преку цела вечер значи не е гладна да си продолжам со 90мл на 3 саати. Сеуште така функционираме. Супер си напредува и си ја преспива цела вечер.
Мислам дека се за возрасни референтните. Во лабораторијата каде што испитуваме на децата, секогаш ми даваат посебно ливче со референтни вредности за бебиња и деца според возраста.
За возрасни. Мене за бебиња ми имаа дадено листа со референтни во диспанзер кај вакцините, за да не се паничам со вредностите на крвна слика.
@kristina.k @Tiny Love леле фала ви многу женски. Матичната ни е на одмор утре се враќа, кога видов коса ми се крена. Да смирам живци малку значи.
Бебушка се поддавува кога и ги шприцаме витамините од капсулчето директно во усте. Грди и се и се закашлува по секое голтање. Вчера д3+к1 и ги дадов во малце измолзено млекце во шише и беше подобро. Прашањето ми е дали во истото млекце може да ги мешам и д3+к1 и омегата и така да и ги давам или мора во посебно млекце на два пати?
Да пробаш со млекце во лажиче или чисто во лажиче. Кога се во шише голема е веројатноста дека не ја прима потребната доза, ќе се залепи на ѕидовите на шишето витаминот или нема да се допие цело млеко. Инаку можеш во исто време да ги даваш и двете.
Помислив и за со лажиче ама си реков пак да не не знае убаво да ги голтни и истото да биде. Инаку за во шише во право си, вчера ко и дадов така отпосле приметив на дното ко мрсни траги од капсулата ама па грев ми е и ко се поддавува, кашла, плаче, плука и пак протекува од устето, ко да видиш цел витамин не си го голтнува ни вака ни така. Ајде да пробам уште со лажиче, белки ке има ефект.
Плаче? Ако не плаче и си е весел не му е ништо, ќе си се искака. Нормално е да прдат моето по цел ден си прди, па нема мака со стомачето воопшто.
Да не не плаче за млеко? Пробај занимавај некако не може да пие толку мало бебе толку млеко наеднаш. И јас така правев ќе заплаче јас шишето во уста, дури почнав и по 150 да му давам на 2 месеци исто ама видов дека не му било до млеко, ќе излеземе надвор се смирува, со играчки со зборење. Сега си пие по 120 на 3 4 саати најнормално без плачки. Треба да му го фатиш редот само.
Па весел е ама кога му доаѓа да напне малку прави гримаси и после пак се расположува ама гледам дека на моменти се мачи