@barba12 мене на отпусно ми пишуваше контрола за 4 недели, ама ми се погоди за 5 да закажам. Мајки каде ви спијат бебињата? Моето го ставам во креветче, ама најчесто никако да заспие таму. Се дури не го ставиме меѓу нас не заспива. Кажувајте како да не се разбуди при спуштање од раце или па на што да пазиме ако спие во нашиот.
Буквално истото го прави и моето бебе ,а претходно раче в уста ставаше само ако е гладно а сега цуцла не сака не е гладно а рачето в уста ,2 месеци е
Мојата заспива во раце и без проблем ја легнувам во креветче. Е сега ноќе кога се буди и кога не презаспива ја земам меѓу нас. А инаку ако го заспиваш бебе во раце, шушкај му или тапкај го по газето или било што, нешто што можеш да правиш и кога е легнато во креветче. Додека се успие пак. Кај мене тоа имаше ефект.
Осеќам бебе ко дише како да хрчи посебно кога цица. 8 дена е старо нормално ли е или да дигам паника?
Виолета се супер, мекички и удобни. Јас имав прво Слипи само кај нив лепенките не ми се сфиѓаа, се одлепуваа само што ќе мрднеше.
Баш по тоа, црвенило и сува кожичка со лушпи, ние имаме и користам Еуцерин атопи купка и лонсион а на лице ставам Медела.
Ако нема секрет од носето видлив му се слеваат мрсулчиња позади, стави капки физиолошки и со пумпица пробај да ги извлечеш. Јас прво се озвадив од памет па откога ни кажа матичната, секој ден ни стана рутина да чистиме носе насабајле, тоа е најнормално а мрсулчињата се проѕирни.
Јас чистам носе ако слушнам дека почнува да крчи во спиење или ако приметам при доење/шише дека се подзасркнува ради дишењето. И тогаш обавезно навечер пред спиење чистам и евентуално уште еднаш преку ден.
Фала на советите...бевме кај матичната и бил контактен дерматит...ми даде една маст да ја мачкам...а и на телцето и е сува кожата па ми рекоа да ја сменам веледата за капење и зедов Еуцерин со црвено капаче...ваљда тој е подобар.
Секое бебе различно реагира на козметичкиве препарати, инаку маслената Еуцерин со црвено капаче е одлична.
Мами дали вашите бебчиња додека спијат особено навечер испуштаат звуци како да им е тешко и како да се напнуваат? Овие две ноќи буквално испушта доста долго такви звуци како да му е тешко како да го мачи нешто? Дали да одам на педијатар или е нормално? Скоро 3 недели сме.